Овие хороскопски знаци имаат вроден детектор за лаги

Одлично ги читаат другите!

Нив нема да можете да ги излажете, бидејќи тие не го читаат само она што го изговарате, туку и вашиот поглед и говор на тело

Припадниците на овие хороскопски знаци се раѓаат со сопствен детектор за лаги, кој никогаш не греши!

Девица

Тие едноставно имаат око за детали и ништо не пропуштаат, особено не лагите. Во текот на разговорот, тие го анализираат секое движење, воздишка и поглед на соговорникот, а особено лесно ги препознаваат лагите на луѓето што ги познаваат многу долго.

Близнаци

Близнаците се по природа недоверливи, па кога некој ќе им побуди сомнеж, ќе го бомбардираат со еден куп потпрашања. Поради нивниот итар и бистар ум, речиси невозможно е да ги излажете.

Скорпија

Освен што се многу љубопитни, Скорпиите се многу упорни и кога ќе насетат лага, ќе дадат се’ од себе за да докажат дека била изговорена.

Јарец

Јарците се родени скептици и навистина тешко е да ги излажете. Покрај тоа, тие ги презираат лагите и кога некој ќе ги излаже, никогаш веќе нема да биде во нивно блиско опкружување, бидејќи тие сакаат пријатели, а не лицемери.

Водолија

Интелигентните и внимателни Водолии се многу чувствителни на лагата, па, сепак, тие за разлика од Јарците многу брзо ги опростуваат лагите.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.