Како да се наспиете за само 4 часа: Врвен метод на Леонардо да Винчи!

Препорака!

ФОТО: Profimedia

Според овој план, треба да го разбиете нормалниот период за ноќен одмор на неколку делови

Сонот, кој се состои од повеќе фази, често се поврзува со едно од најгенијалните имиња во уметничкиот свет и пронаоѓачи во ренесансната ера, Леонардо да Винчи. Нему му требало многу време да ги развива своите идеи – време што најчесто го немал. Сакал своето време да го искористи максимално за работа, а да спие минимално.

Овој план подразбирал да го разбие нормалниот период за ноќен одмор на неколку делови, односно на повеќе фази, што довело до тоа да спие неколку пати во текот на денот. Така да Винчи спиел по 15 минути на секои четири часа.

Како резултат на тоа, спиел само по час и половина на ден. Времето што го заштедил на одмарање, почнал да го користи за креативна работа. Да Винчи рекол дека го користел овој метод многу години во животот и дека никогаш не се почувствувал уморно.

Познато е дека во физиолошки услови, најпродуктивното време за работа и креативност го следи периодот на сонот. Тоа е периодот кога капацитетот за работа на некои луѓе е особено висок. Ако прекинувате нечие будно време на секои четири часа со краток период за одмор доведува до зголемување на капацитетот за работа, што е директна последица на ваквиот одмор.

Ова се некои од најефективните варијации на повеќефазниот сон:

  • Спиење по 30 минути на секои 6 часа (димаксион метод)
  • Спиење по 20 минути на секои 4 часа (уберман метод)
  • Спиење навечер 1,5-3 часа и потоа три пати во текот на денот по 20 минути (евримен метод)
  • Спиење навечер 2 часа и еднаш попладне 20 минути (тесла метод)
  • Спиење навечер 5 часа и 1,5 час попладне (сиеста метод)

Сепак, треба да имате на ум дека секое тело е различно, а различните типови повеќефазен сон можеби нема да бидат добри за секого. Експертите предупредуваат дека ако планирате да прејдете на ваков одмор-работа распоред, немојте да возите автомобил, ниту да донесувате важни одлуки додека не бидете апсолутно сигурно дека недостигот на сон нема да има последици.

Може да се заклучи дека ваквиот распоред има смисла во краток период, кога имате многу работа, но не постојано. Сонот е многу драгоцен за нашиот ум и тело, а само една непроспиена ноќ не може да се надомести.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.