Овие 3 хороскопски знаци ги очекува турбулентен период: Ѕвездите максимално ќе им го искомплицираат животот!

Астро-прогноза

Во текот на летото ќе наидуваат на препреки каде и да се свртат

Периодот што ни претстои ќе биде најнапорен за овие 3 хороскопски знаци. Рускиот астролог Павел Глоба предвидува дека наредниве месеци ќе бидат полни со проблеми за нив. Проверете дали спаѓате во оваа група или сепак ќе имате повеќе среќа ова лето.

Риби

Родените во знакот Риби ќе мораат да се соочат со суровата реалност. Астрологот советува да ги извадат розовите очила и да бидат многу попретпазливи, бидејќи во спротивно, луѓето што ги опкружуваат би можеле да ја искористат нивната претерана наивност. А открива и како да ги препознаат оние што не им мислат добро. Според Глоба, Рибите би требало да ја прекинат секоја комуникација со луѓето што им се додворуваат и им даваат празни ветувања. Истовремено, паметно би било да се дружат со луѓе што се подготвени да им ја кажат вистината во лице – тие се искрени пријатели.

Јарец

Припадниците на овој знак ќе се соочат со низа разочарувања ова лето. Сите напори што ги вложиле за да напредуваат во кариерата, ќе паднат во вода. Некои Јарци ќе мораат да се одлучат на тежок чекор: да одберат помеѓу работата и приватниот живот. Освен тоа, родените во овој знак наскоро ќе дознаат и непријатна вистина за саканата личност.

Девица

Првиот месец од летото ќе им донесе проблеми и на Девиците. Ќе мораат да бираат помеѓу роднините и партнерот. Ќе морат да ја донесат одлуката без да навредат никого. Астрологот Глоба ги советува Девиците да научат да се контролираат и да не бараат утеха во храната и алкохолот. Сепак, има и добра вест: ситуацијата би требало да се подобри од јули.

Тие никогаш нема да направат пари: 3 хороскопски знаци што имаат најмали шанси да се збогатат!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.