Голем месечен хороскоп за февруари 2019 година!

Нова врска за Јарците, лош период за Девиците...

Дознајте што ве очекува на поле на љубовта, работата и здравјето во февруари 2019 година!

Лав

Работа: Овој месец едноставно нема да ви биде до работи. Односите со колегите се далеку од одлични и немате енергија секојдневно да се расправате околу неважни работи. Размислувате да напуштите сè, да го промените работното место и средината, но моментално немате доволно храброст за тоа. Едноставно не сакате да преземете толкав ризик и чекате подобри времиња.

Љубов: Ќе изгледате подобро од кога било претходно и за тоа ќе бидете заслужни само вие. Иако не ви е лесно во животот, не сте задоволни и работите не се одвиваат онака како што би сакале, си имате ветено дека никогаш нема да им дозволите на другите да видат дека страдате. Сте сакале дополнително да се образувате, да патувате, да видите нови земји и нови места, но сфаќате дека партнерот цело време ве спречувал во тоа. Мислевте дека има време, но дури сега си признавате дека нема повеќе време.

Здравје: Можни се болки во вратот и грбот. Прекувременото работење ви остава последици, што дури сега ги забележувате. Овие проблеми не се големи, но сепак ви задаваат проблеми во одредени ситуации и би требало да го решите овој здравствен проблем што е можно порано.

Девица

Работа: Веќе долго време ве искористуваат на работа, а вие моравте да молчите и трпите за да не испадне дека се буните и дека не сте задоволни од работното место. Сепак, овој месец вашата толеранција ќе го достигне врвот и ќе бидете на чекор од тоа да ја напуштите работата и да заминете што е можно подалеку. Ништо веќе не ве врзува за овој крај и за местото каде што живеете.

Љубов: Февруари е период за кој сте емоционално врзани. Некогаш ви се случувале најубавите работи во февруари, но овој месец ќе ви се случат некои лоши нешта. Вашите емоции се измешани и иако се обидувате да ги сочувате гордоста и достоинството, длабоко во себе знаете дека немате веќе никого и дека сте препуштени сами на себе. Тоа ве јаде однатре, но не смеете никому, па ни себеси, да си покажете колку се плашите од иднината и од тоа што таа го носи.

Здравје: Со оглед на напорната и прекувремена работа, здравствените проблеми се неизбежни и сами знаевте дека ќе ви биде лошо порано или подоцна. Добар дел од овој месец ќе го поминете на разни анализи и терапии, но ќе ви стане подобро, па затоа мора да издржите.

Терезија

Работа: Првата половина од овој месец ќе ви биде психички напорен, кога станува збор за работата и работните обврски. Но наредниот период ќе биде полн со позитивна енергија и нема да ви биде многу напорно, па ќе имате време за одмор и дружење.

Љубов: Пријателите често ви се јавуваат и се прашуваат каде сте, а вам ви е доста од тоа секогаш да им објаснувате дека сте премногу зафатени и дека немате време ни за себе, а камо ли за пријателите. Сепак, кога ситуацијата на работа ќе се смири малку, одвојте некој ден да се видите барем со најблиските пријатели за да дознаете што им се случува во животот.

Здравје: Алергијата е состојба што и овој месец нема да ви даде мир и покрај сите лекови што ги користите. Знаете дека тоа не може целосно да се излечи, но мора да најдете начин да ја држите под контрола, барем извесно време.

Скорпија

Работа: Ќе успеете да ја реализирате секоја идеја што ќе ви падне на памет. Сите коцки ќе ви се наредат и на професионален и на приватен план, така што овој месец ќе се чувствувате одлично. Сепак, знаете дека тоа нема да трае вечно, па затоа секогаш сте подготвени на непријатни и непредвидливи ситуации.

Љубов: За вас, љубовта е само збор. Не се трудите доволно да разберете колку му е тешко на вашиот партнер на работа. Не сакате да го слушате и си терате по свое, па затоа расправиите се неизбежни. Сепак, не можете да мислите само на себе и на своите емоционални потреби, мора да му дадете малку повеќе поддршка на вашиот партнер.

Здравје: Сега за сега сè е во ред со вашето здравје, но не сте сигурно колку ќе трае тоа. Иако се чувствувате уморно и исцрпено, тоа сè уште не може да се види. Исхраната секогаш може да ви биде подобра, но не е толку лоша. Ако забележите дека губите енергија, внесете малку повеќе здрави производи и сè ќе биде во ред.

На третата страница  може да прочитате што ќе им се случува месецов и на последните неколку хороскопски знаци…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.