Голем месечен хороскоп за февруари 2019 година!

Нова врска за Јарците, лош период за Девиците...

Дознајте што ве очекува на поле на љубовта, работата и здравјето во февруари 2019 година!

Стрелец

Работа: Комуникативни сте и во првата половина на февруари тоа позитивно ќе се одрази и на вашите работни активности и ангажмани. Лесно стапувате во контакт со луѓето и знаете што сакаат да слушнат, па затоа вашата ефикасност на работа ќе биде на повисоко ниво за разлика од претходно.  Финансиската ситуација не ви е најсјајна, затоа што и сами знаете дека не ви оди штедењето и сакате да си се почестувате со нова гардероба и уреди. Треба да се контролирате малку, додека состојбата на вашата сметка не стане малку поповолна.

Љубов: Немате идеја како да ја подобрите љубовната врска. Се чувствувате како во кафез, како да сте под постојан надзор, а вам ви треба слобода и нови познанства. Желни сте за авантура и добра забава.

Здравје: Енергијата како и секогаш ви е на високо ниво, но можни се проблеми со забите. Посетете заболекар.

Јарец

Работа: Вашите амбиција и трудољубивост се дел од вашиот карактер, па затоа успехот на работа нема да изостане ни овој месец.

Љубов: На почетокот на месецот ќе имате неконтролирана потреба за нови познанства, но тоа е потешко одошто мислите. Во денешно време не е лесно да му пристапите некому отворено, бидејќи луѓето веднаш помислуваат дека имате лоши намери. Ако не сте во врска, овој месец не е идеален за започнување нешто ново. Немојте да брзате, зашто сигурно не ви треба уште една неуспешна врска со личност која е многу поразлична од вас. Флертот е само флерт, но врската е нешто многу посериозно и бара вложување и посветеност, а вие не сте подготвени за тоа.

Здравје: Здравствената ситуација не е стабилна, но обидете се да ја подобрите.

Водолија

Работа: Овој месец, ѕвездите ви се наклонети и мислите дека сте доволно способни за да ги завршите сите обврски на време. Колегите се воодушевени од вашите идеи. На некои колеги тоа не им се допаѓа многу, бидејќи тие паѓаат во втор план, но вие сметате дека конкуренцијата е здрава и дека секој има право да покаже што знае.

Љубов: Кога станува збор за односите со семејството, тука ситуацијата е малку неповолна. Сите ве обвинуваат за некои работи што се случиле неодамна, а никој не разбира дека ниту вие не сте сакале да се случи тоа, едноставно сте морале д апостапите на таков начин. Потребно е време за да се подобрат односите меѓу вас. Вие само гледајте да давате доволно поддршка и сè ќе биде во ред.

Здравје: Здравствено не сте биле никогаш подобри. Полни сте со енергија. Ќе го промените начинот на исхрана и тоа ќе се забележи. Мора да ги исфрлате лошите навики една по една, ако сакате да се чувствувате уште подобро. Обидете се да внесувате доволно минерали и витамини секој ден. Не се откажувајте кога ќе видите резултати!

Риби

Работа: Ситуацијата на работа овој месец ќе биде мошне пријатна. Односите со колегите се одлични и добро ќе се сложувате. Понекогаш дури и ќе одите на кафе заедно и ќе разговарате за себе и вашиот приватен живот. Обидете се така да остане и во иднина, особено во кризните и непредвидени ситуации. Тогаш ќе видите кој е доволно храбар, а кој не презема ништо и тогаш ќе сфатите на кого може да сметате.

Љубов: Втората недела од февруари е како создадена за нови почетоци во љубовта. Веќе извесно време сте сами, а копнеете по тоа да најдете некого со кого ќе ги споделите сите ваши емоции. Некогаш ви годеше слободата, но како што минува времето и како што ги гледате другите парови среќни, станувате љубоморни на нив. Сепак, нема потреба за љубомора, бидејќи не е сè онака како што изгледа. Не брзајте да започнете врска со личност која не ја познавате доволно. Многу лесно може сè да тргне наопаку. Затоа, овој месец мора добро да размислите и да сфатите што сакате од вашиот партнер.

Здравје: Внимавајте на килограмите. Можно е да се покачи стрелката на вагата, ако не внимавате колку калории внесувате.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.