Искористете го периодот на владеење на Рибите: Овие три хороскопски знаци ќе ги следи неверојатна среќа до 20 март!

Хороскопска прогноза

Започна владеењето на Риби, а во тек на овој период на ретрограден Меркур ќе се појавуваат проблеми. Меѓутоа, некои хороскопски знаци сепак ќе имаат причина за среќа.

Овие 3 знаци се помеѓу ретките кои ги очекува поволен период кој ќе трае од 3 до 20 март:

 

Рак

Покрај вашата изразена интуиција, имате многу предизвици во врска со односите со други луѓе. Имате поминато долг пат, и тоа се приметува, но сега ви се враќа енергијата и повторно имате желба за акција и учење. Ако размислувате дали да се впуштите во нешто ново, сега е правилно време за тоа, бидејќи ќе имате многу инспирација. Од друга страна, поради ретроградниот Меркур треба да бидете внимателни – не потпишувајте важни договори пред детално да ги прочитате. Социјалниот живот ќе ви процвета во овој период и ќе имате многу длабоки разговори.

 

Прочитајте и: Месечен хороскоп за МАРТ 2020 година

 

Шкорпија

Ако долго време сте држеле сѐ во себе за време на сезоната на Водолијата, сезоната на Риби ќе биде период на ваше отворање. Во овој период ќе имате прилика и да запознаете некој кој ќе ве инспирира и во кој би можеле да се заљубите, а поради влијанието на ретроградниот Меркур може да се случи да ве побара личност од минатото. Расчистете со неа и продолжете понатаму. Не навраќајте се назад, само храбро продолжете напред.

 

Риби

Вашата сезона конечно пристигна и вие веќе ја чувствувате магијата. Меркур ќе биде ретрограден во вашиот знак до 9 март, додека не се врати во Водолија, но не треба да се грижите за тоа, обидете се да го извлечете најдоброто од овој период. Запомнете ги работите и преиспитајте ги за да бидете свесни што треба да промените. Во овој период покажете ја својата посветеност кон партнерот и така ќе ги подобрите и односите со другите луѓе. Вашата комуникативност ќе дојде до израз, па искористете го овој налет на енергија во ваша полза. Откријте ја убавината која се наоѓа околу вас и само чека да ја зграпчите.

Риби: Што треба да знаете за припадниците на овој хороскопски знак

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.