Исхрана според хороскопските знаци – Кои се најголемите гурмани, кој е вашиот “сладок грев”?

Интересно е што секој хороскопски знак има некоја слабост кога станува збор за храната, а овој пат ви откриваме што е вашиот “сладок грев“. Може ли астрологијата да ни помогне да го пронајдеме вистинското мени и со тоа да ни даде нова надеж во борбата против вишокот килограми или други проблеми со дигестивниот систем? Еве што велат ѕвездите за тоа која храна е најдобра за вас, а која треба да ја избегнувате според вашиот хороскопски знак.

Воздушни знаци: Избегнувајте шеќер и грицкајте јаткасти плодови!

Близнаци

Близнаците ѝ посветуваат малку време на храната и честопати ја јадат патем, правејќи и друга работа истовремено. Треба да јадете колку што е можно полесни оброци – месо исклучиво од пердувести животни (пилешко, мисиркино, од препелица или патка) и многу овошје и зеленчук. Кога станува збор за зеленчукот, треба да изберете зелена салата, карфиол, спанаќ, целер, мешунки и домати.

Близнаците голема корист имаат од оревите (бадеми, ореви, лешници, ф’стаци), потоа од веганскиот јогурт и ѓумбирот, а од овошјето треба да јадат јаболка, кајсии, сливи, портокали, грејпфрут и шипки.

Совет: Избегнувајте кафе, коренест зеленчук, квасец, преработени шеќери и сода бикарбона. Близнаците треба да имаат балансирана исхрана и генерално да претпочитаат повеќе морска храна отколку месо. Затоа не е изненадување тоа што претставниците на овој знак често избираат вегетаријанство.

Вага

Вагите обраќаат големо внимание на квалитетот на храната што ја внесуваат во нивното тело, сепак, нивна голема слабост се слатките работи. Заради вишокот внес на јаглехидрати, тие може да имаат проблеми со вишокот килограми. Вагата треба да јаде варен зеленчук колку што е можно повеќе за да има балансирана исхрана и да внесува што е можно повеќе спанаќ, моркови, домати и грашок, потоа пченка, растителни сирења, вегански јогурт, ореви и бадеми. Се препорачува овошје како јаболка, банани, праски, бобинки и шумско овошје (јагоди, капини, малини, боровинки), сливи и авокадо.

Совет: Вагата треба да избегнува газирани пијалаци, потоа алкохол, квасец и преработени шеќери. Покрај хранливата вредност на производите, на Вагата ѝ е многу важен и естетскиот впечаток на чинијата, па затоа посветува особено внимание на уредувањето и украсувањето на храната.

Водолија

Водолиите треба да јадат нискокалорична храна и тоа колку што може повеќе морска храна (сите видови риби и ракови), потоа тофу сирење и соја јогурт, а од зеленчукот – зелена салата, зелка, целер, моркови, пченка, домати, брокула, лук (се препорачува варен зеленчук). Овошното мени на Водолијата треба да се состои од јаболка, круши, портокали, дињи, урми и смокви, а ќе има корист и од ореви, тикви и ѓумбир, како и протеински барови (чоколади).

Совет: Водолиите треба да избегнуваат кафе, рафинирани шеќери и квасец. Иако тие не ѝ посветуваат многу време на храната, имаат балансирано мени и се склони кон помали оброци.

 

Исхрана според хороскопските знаци: Огнени знаци

 

Прочитајте го и ова: Како различните хороскопски знаци покажуваат дека се заљубени?

 

Огнени знаци: Јадете што помалку зачинета храна

Овен

Овните треба да вклучат кафеав ориз, кромид, лук, домати, карфиол, брокула, грав, леќа, моркови, маслинки, ротквици, зелена салата и ореви во нивната исхрана. За претставниците на овој знак најмногу се препорачуваат суви кајсии, потоа банани, смокви, грејпфрут, лубеница и здрави овошни сокови, а од месата се препорачува јагнешко.

Совет: Треба да избегувате зачинета храна, сол и алкохол.

Оброците на Овните треба да бидат едноставни и брзи за подготовка, бидејќи тие често немаат време, многу се нетрпеливи и постојано брзаат. Затоа, ако премногу долго чекаат за нарачаниот оброк, може да станат кошмар за келнерите.

Лав

Ако сте родени во хороскопскиот знак на Лавот, во вашето мени треба да вклучите ориз, целозрнеста исхрана, коренест зеленчук (како моркови и компири) модар патлиџан, домати, спанаќ, кељ, брокула, краставици, лук, лосос, а од јаткастите плодови се препорачуваат ореви, бадеми и сончоглед. Кога станува збор за овошјето треба да консумираат агруми (портокали, лимони, мандарини), потоа ананас, дињи, праски, јаболка и авокадо, а од месото се препорачува мисиркино.

Совет: Треба да внесувате што е можно помалку млечни производи, мрсна и зачинета храна.

Како по правило, Лавовите имаат избалансирани и правилни навики во исхраната и може навистина да уживаат во храната.

Стрелец

Стрелците треба да внесуваат што е можно помалку маснотии, така што им се препорачува мисиркино и не толку мрсно свинско месо. Во нивната чинија треба да се најдат и лососот, интегралните житарки, коренестиот зеленчук, маслинките, лукот, црвениот кромид, спанаќот, морковите, артичоките и зелјето, а од овошјето се препорачуваат: смокви, портокали, јаболка, круши и јагоди.

Совет: Стрелците треба да избегнуваат преработен шеќер, алкохол и зачинета храна.

Експериментираат со егзотична храна која честопати им предизвикува многу проблеми со варењето.

 

 

Исхрана според хороскопските знаци: Земјени знаци

 

Прочитајте го и ова: Откриено кој хороскопски знак има најголеми шанси да се збогати во животот

 

Земјени знаци: Избирајте лесна храна и држете се подалеку од чоколадо!

Бик

Хороскопските Бикови имаат тенденција да јадат висококалорична храна, богата со вкусови и често знаат да претераат, а тоа лошо се одразува на нивниот метаболизам.

Од месото, најдобар избор за Биковите е говедското и телешкото, како и месото од пердувести животни, додека од зеленчукот се препорачува: аспарагус, карфиол, краставица, спанаќ, грав, кромид, црвена цикорија, тиква, домат и ротквица. Биковите треба да јадат многу овошје, особено јаболка, јагоди, банани, брусница и авокадо. Може да имаат големи придобивки и од оревите.

Биковите треба да избегнуваат внесување премногу јаглехидрати во нивното тело, компири, млечни производи и путер, тешка, калорична и пржена храна. Иако се склони кон раскошни оброци, тие знаат да уживаат и во здравата храна, како салатите и морските плодови.

Девица

Девиците имаат многу чувствителен дигестивен систем и се екстремно пребирливи во однос на храната (како и во сè останато) и внимаваат на хранливата вредност на состојките што ги јадат. Најдобар избор за нив е целозрнестата храна и овесот, како и кафеавиот ориз, зелјето, морковите, цвеклото, карфиолот, лиснатиот зелен зеленчук и бистрите супи.

Од месото се препорачува говедско и телешко, а од рибите – туна, сардина и лосос. Тие имаат голема корист од млечните производи, зачините, билните чаеви, потоа јатките (ф’стаците, бадемите, оревите, лешниците), овошните салати и соковите (особено сокот од лимон), а најмногу им се препорачуваат бананите и портокалите, калинките и кајсиите.

Претставниците на овој знак треба да јадат лесна храна, а заради чувствителните црева, мора да избегнуваат многу состојки, вклучително и тешка, висококалорична храна, па дури и чоколадо!

Јарец

Се препорачува мени составено од јагнешко месо, кафеав ориз, коренест зеленчук, зелка, компири, репа, модар патлиџан, пченка, лук, потоа зелје, разни супи, кикиритки, ленено семе, млечни производи, овошни салати и сокови, портокали, лимони, смокви, дињи, лубеници и капини.

Лицата родени во знакот Јарец треба да избегнуваат алкохол, потоа тешка и висококалорична храна, црвено месо, зачини и чоколадо. Хороскопските Јарци сакаат да јадат едноставни оброци и не експериментираат со храната. Ним им е потребна храна која содржи многу калциум. За да се избегнат непотребните маснотии, треба да користат маслиново масло при подготовка на храната.

Прочитајте го и ова: Кој е совршениот пар според хороскопот?

 

Водени знаци: Исфрлете ги маснотиите!

 

Рак

Согласно нивниот природен елемент (водата), Раковите треба да имаат мени во кое доминира морска храна. За нив се препорачуваат лесни оброци и употреба на млечни производи. Најзастапени треба да бидат житарките и тоа: пченицата, ‘ржот, овесот и оризот, а од зеленчуците се препорачуваат: грав, репа, компири, карфиол, тиква, зелка, брокула, домати и краставици. Раковите најмногу треба да јадат овошје и тоа: банани, лубеници и лимони, а може да имаат корист и од кокосот, алгите и веганскиот јогурт.

Совет: Раковите задолжително треба да избегнуваат мрсна и солена храна, слатки производи и рафиниран шеќер. Бидејќи претставниците на овој знак се многу емотивни, често имаат чувствителен систем за варење, па затоа храната треба внимателно да се избира, да биде разноврсна и да се избегнува употреба на производи што дебелеат.

Скорпија

Идеалната храна за Скорпиите е морската храна и тоа најмногу морската риба (туната, лососот), јастогот, лигњите (и остригите). Се препорачува и безмасно говедско месо, зеленчук – зелена салата, краставица, моркови, домати, цвекло, аспарагус, грав, леќа, карфиол, кромид, праз и овошје – цреша, јагода, банана, лубеница и грејпфрут. Скорпиите, исто така, имаат корист и од ѓумбирот и бадемите.

Совет: Скорпиите дефинитивно треба да избегнуваат мрсна храна, потоа квасец, сол, слатки и какви било производи кои содржат преработен шеќер.

Риби

Рибата буквално треба да јаде риба, и тоа претежно туна и други морски плодови. За Рибите се препорачува мени што содржи интегрални житарки: пченица и овес, потоа: ориз, спанаќ, грав, кромид, компир, краставици, зелје и артичоки и овошје како: грозје, јаболка, сливи, праски, банани, лимони, портокали, дињи, урми и манго. За нивната дигестивна благосостојба придонесуваат и алгите и храната богата со железо.

Совет: Рибите треба да избегнуваат кафе, алкохол, мрсна храна, сол, слатки производи како и сите преработени производи со шеќер, но и аспарагус. Како претставници на најнежниот знак, тие имаат бавен метаболизам, поради што може да страдаат од т.н. мрзливи црева.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.