Дневен хороскоп за ПОНЕДЕЛНИК (21 јуни 2021)

Астролошки предвидувања

Фото: Pexels

Прочитајте каков ден ве очекува!

Овен (21. 3 – 20. 4)

Љубов: Зад вас е период на импулсивни реакции и големи изливи на емоции. Конечно пловите во помирни љубовни води. Слободните полесно ќе ја освојат симпатијата.

Работа: Позицијата на планетите ви гарантира деловен успех и финансиска добивка. Ова е многу поволен период за невработените.

Здравје: Проверете ја крвната слика.

Бик (21. 4 – 20. 5)

Љубов: Надминете го моменталното недоразбирање со партнерот и создадете хармонична атмосфера. Не го одложувајте разговорот, бидејќи нештата би можеле да се искомплицираат.

Работа: Чувствувате умор и ви изгледа дека сите случувања на деловната сцена тргнаа во погрешна насока.

Здравје: Зајакнете го имунитетот.

Близнаци (21. 5 – 21. 6)

Љубов: Досега само насетувавте дека флерт со колега би можел да премине во тајна врска, но сега сте во сериозно искушение. Размислете за раскинување на врската пред да преземете таков чекор.

Работа: Иако работите посветено, сметате дека ви недостига дел за да се сложат коцките.

Здравје: Можни се повреди.

Фото: Pexels

Рак (22. 6 – 22. 7)

Љубов: Ситуацијата во вашата врска се стабилизира. Ќе успеете да решите некои недоразбирања со партнерот. За слободните можен е почеток на врска со постар партнер.

Работа: Ви недостига волја за работа, бидејќи премногу се занимавате со љубовниот живот. Колегите ќе ви помогнат да ги реализирате зацртаните цели.

Здравје: Добро се чувствувате.

 Лав (23. 7 – 23. 8)

Љубов: Вашиот партнер ќе се сомнева во вашата верност, па можни се чести расправии. Слободните ќе почнат врска со колега.

Работа: Не сте флексибилни, па овој период би можеле да го обележат грижи на работното место. Избегнувајте конфликти со колегите.

Здравје: Можни се кардиоваскуларни проблеми.

Девица (24. 8 – 23. 9)

Љубов: Девиците што се во врска ќе уживаат во миговите поминати со партнерот. На слободните им се смешка убава и кратка романса.

Работа: Не сте во состојба реално да ја согледате ситуацијата на работното место, па можно е да повлечете потези што подоцна ќе ви предизвикаат проблеми.

Здравје: Чувајте се од настинка.

Терезија (24. 9 – 23. 10)

Љубов: Семејните проблеми не ве оставаат на мира да му се посветите на партнерот. Слободните ќе почнат врска со динамична личност.

Работа: Ќе бидете многу задоволни од постигнатото. Ќе настојувате да се докажете во работата што ќе ви се исплати на

Здравје: Можни се проблеми со дишните патишта.

Скорпија (24. 10 – 22. 11)

Љубов: Ќе успеете да ги препознаете потребите на партнерот, како и да им се приспособите, што ќе резултира со хармоничен однос. Слободните тргнуваат во освојувачка мисија.

Работа: Ова е месец на приспособување на новите работни услови. Бидете флексибилни, бидејќи шефовите нема да трпат негодување.

Здравје: Посетете стоматолог.

 

Стрелец (23. 11 – 21. 12)

Љубов: Решителни сте нештата да ги преземете во свои раце и отворено да поразговарате со партнерот за нешто што веќе подолго време ви пречи. Слободните ќе флертуваат.

Работа: Со сите сили ќе се борите за себе, но и за колективот. Ќе бидете соодветно наградени.

Здравје: Минлива нервоза. 

Јарец (22. 12 – 20. 1)

Љубов: Солидно ќе се согласувате со партнерот. Во првата половина од месецов би можеле да имате помали недоразбирања, но тие наскоро ќе исчезнат. Можна е авантура.

Работа: Со душа го чекате годишниот одмор. Отсуството на волја и елан за работа ќе се одрази на вашите финансии. Внимателно инвестирајте.

Здравје: Несоница.

Водолија (21. 1 – 19. 2)

Љубов: Доста сте доминантни, па на партнерот не му успева да ве следи. Спуштете ја топката за да избегнете проблеми.

Работа: Иако ќе почувствувате замор, нема да попуштите. Со големи чекори ќе одите кон гарантираниот деловен успех.

Здравје: Посетете гинеколог.

Риби (20. 2 – 20. 3)

Љубов: На својата врска ќе почнете да гледате со сосема поинакви очи. Ќе им се посветите на партнерот и на планирањето заеднички планови.

Работа: Без разлика на тоа што повеќето соработници од вашиот тим ја загубија мотивацијата, вашиот елан не попушта. Успехот нема да изостане.

Здравје: Можни се вирусни инфекции.

Фото: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.