Среќен роденден! Главни карактеристики на хороскопскиот знак РАК

22. 6 – 22. 7

Несигурни сте, чувствителни, нежни и пожртвувани. За да бидете целосно исполнети, секој сегмент од вашиот живот мора да биде среден, додека во врската блискоста треба да доминира над страста.

Што да му подарите на ракот за роденден? Нејзе: Препарати за нега, парфем, цвеќе, декоративни детали, марама… Нему: Интересна книга, паричник, вратоврска или влезници за некој важен настан.

Во што претерувате? Генерално сте несигурни и склони кон песимизам. Кога ја гледате чашата, таа за вас е секогаш дополу празна. Ретки се раковите со оптимистички поглед на светот. Премногу сте детални и аналитички во работата, бидејќи се плашите од грешки.

Од што се плашите? Доминира стравот од самотија, но и од деловен неуспех. Обично имате проблем кога треба да настапите сами, без тимот. Се плашите од брзина и од висина, од водоземци, кучиња, временски непогоди…

Што ве усреќува? За да бидете среќни, секој сегмент од вашиот живот мора да биде исполнет. Идила во семејството, успех на работното место, емотивна благосостојба, добра финансиска состојба – сето ова ви е неопходно за среќа.

Што очекувате од љубовта? Таа: Се вбројувате во непоправливи романтици, кои секогаш бараат потврда од партнерот дека им е верен и посветен. Неопходни се секојдневни изливи на нежност, а блискоста мора да доминира над страста.

Тој: Ракот е мистериозен, молчелив, па на партнерката често нема да и бидат јасни неговите потреби, желби и очекувања.

Фото: Pexels, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.