ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 9 август: Ова не е поволен ден за донесување големи одлуки!

Астро-прогноза

Близнаците се чувствуваат одлично, Терезиите се оптоварени со работа, Рибите се неодлучни

ОВЕН

Овој период ќе бидете дистанцирани од работата и на некој начин ќе ви недостига мотивација. Очекувате многу од саканата личност, но таа моментално не може да ви ги исполни сите ваши желби на овој план. Чувајте ги очите и видот.

БИК

Дајте си уште малку време за подобро да ги анализирате околностите во кои се наоѓате. Не е време за големи одлуки. Ќе им се препуштите на вашите чувства кога станува збор за љубовта. Подготвени сте за нова врска. Можни се проблеми со забите.

БЛИЗНАЦИ

Во потрага сте по работа што ќе ви даде можност за напредок наредниов период. Личноста која ви значи некако се повлекла во себе и повеќе не знаете на кој начин да се поставите кон неа. Состојбата ви е сè подобра.

РАК

Ви претстојат нови деловни пресврти. Можно е да имате сосема неочекувани случки на овој план. Се чувствувате подготвено да излезете од врската во која веќе некое време сте многу незадоволни. Можни се проблеми со белите дробови.

ЛАВ

Ако сте во потрага по работа, ви претстои период во кој некои работи ќе се оддолжуваат. Можно е да не остварите врска со личноста што ви се допаѓа и да се соочите со нејзино одбивање. Посетете стоматолог.

ДЕВИЦА

Денешниот ден може да ви биде комплициран кога станува збор за работата. Ви доаѓа фаза во која ќе бидете деконцентрирани. Можно е да ви се укаже можност за врска со личност што неодамна сте ја запознале. Внимавајте на холестеролот.

ТЕРЕЗИЈА

Оптоварени сте со деловни обврски и ви се чини дека работите под прилично голем притисок. Не се согласувате со саканата личност. Често доаѓа до конфликти во вашиот љубовен однос. Проблемите со ‘рбетот се нагласени.

СКОРПИЈА

Среќата денес сепак не е на ваша страна, па не би било добро сега премногу да ризикувате кога станува збор за работата. Можете да очекувате комплициран однос со партнерот со кого никако не можете да постигнете компромис. Генерално, немате здравствени проблеми.

СТРЕЛЕЦ

Полека закрепнувате од деловните промени што ви нанеле некаква штета претходниот период. Емоциите моментално ви се слаба точка и многу сте незадоволни. Односот со саканата личност не оди како што очекувате. Можни се воспаленија.

ЈАРЕЦ

Во претстојниот период ве очекува можност да го остварите деловниот напредок што сте го посакувале. Поработете на самодовербата ако сакате да имате повеќе среќа на љубовен план. Неопходно е повеќе да се сакате себеси. Проблеми со бубрезите.

ВОДОЛИЈА

Тешко прифаќате нови одговорности и добивате желба да се откажете од работата што не ви одговара. Вашиот однос со саканата личност постепено доаѓа до подобрување и среќни сте. Нагласен е падот на имунитетот.

РИБИ

Секој деловен потег што ќе го направите денес, подоцна може да го преиспитувате и менувате. Иако вашата љубов кон партнерот е искрена, постојат некои граници што не сте подготвени да ги преминете во односот со него. Би ви годел одмор.

Август ќе биде највозбудливиот месец досега за овие 3 хороскопски знаци
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.