Откриена причината за ненадејната смрт на 4-годишната ќерка на славниот музичар

Тажно

Веста дека починала ќерката на раперот Фети Вап го растажи светот, а сега е позната причината за смртта на 4-годишната Лорен Максвел.

Имено, девојчето починало од „фатална срцева аритмија поради компликации на вродената срцева аномалија“.

Според Изводот од книгата на умрените, Лорен починала на 24-ти јули во домот во Ривердејл, Џорџија, а веста за нејзината смрт ја потврдила нејзината мајка на Инстаграм.

Ова е мојата неверојатна, убава, смешна, благодарна, талентирана, паметна и тврдоглава принцеза, сирена“, го започнала своето обраќање мајката на починатото девојче.

Ако ја видите оваа објава, коментирајте или само кажете: ‘Те сакам Лорен’, бидејќи велат дека душите можат да ја почувствуваат љубовта“, напишала мајката скршена од болка.

Раперот не се огласувал по овој повод, но тажните вести ги потврдил во неделата по настапот на фестивалот во Мајами.

Лоло, тато синоќа настапуваше за тебе, девојче“, напишал раперот на инстаграм-стори, а објавил и фотографија од својата покојна ќерка.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zavier Jordan Maxwell (@fettywap1738)

Фото: Инстаграм, EPA/Steve C Mitchell

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.