ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 26 септември: Недела е ден за среќа и опуштање!

Астро-прогноза

ФОТО: Thinkstock

Овенот е успешен во преговорите, Терезијата решава судски прашања, Јарецот има премногу обврски

ОВЕН

Ве очекува многу поволен ден. Можно сѐ да успеете да решите со комуникација и преговори. Ќе имате две нови познанства и можност да одбирате. Емоциите ви се разбранувани, желни сте за нови случувања. Се чувствувате добро.

БИК

Ќе ве израдува исплатата на помал износ на пари. Генерално сте задоволни и од финансиската и од деловната состојба. Стабилната љубовна ситуација ви носи чувство на мир и сигурност. Можни проблеми со забите.

БЛИЗНАЦИ

Денес немојте да донесувате нови одлуки, бидејќи тоа нема да ви биде од корист. Генерално ова не е поволен ден за работа. Важно ви е да го дефинирате односот што го имате со саканата личност. Можна е поспаност и замор во текот на денот.

РАК

Ви претстои фаза во која новите случувања на работа можат да потекнат од некоја личност која е поврзана со далечно странство. Можете да се надевате на интересен флерт. Денес интуицијата ви е особено нагласена.

ЛАВ

Ве очекува помош од страна на познајник или пријател. На работен план, сега полесно решавате некои проблеми. Задоволни сте од ситуацијата на ова поле и добивате многу љубов од саканата личност. Се чувствувате добро и немате проблеми.

ДЕВИЦА

Вашата посветеност на работата сега ќе ви се исплати на вистинскиот начин. Можете да очекувате подобрување на работните околности. Јавно ја покажувате вашата љубов кон партнерот и важна ви е стабилноста на врската. Би ви годела масажа.

ТЕРЕЗИЈА

Судските прашања или сличните формалности денес можете да ги решите со помош на малку среќа. Ви претстои фаза во која ќе имате разни љубовни познанства. Сѐ уште не сте подготвени за сериозна врска. Ќе ви годи физичка активност.

СКОРПИЈА

Можете да очекувате дека ќе успеете да најдете нов извор на заработка и значително да ја подобрите вашата материјална ситуација. Подготвени сте да се впуштите во врска со личност што со себе носи одредена доза ризик и опасност. Се чувствувате многу добро.

СТРЕЛЕЦ

Можете да очекувате дека ќе бидете многу добро прифатени во новото работно опкружување. Саканата личност пријатно ќе ве изненади и ќе ви покаже дека таа навистина секогаш е тука за вас. Внесувајте повеќе течности и свежи намирници.

ЈАРЕЦ

Имате многу работни обврски, но успевате да се справите со нив. Денес ќе бидете максимално посветени на работата. Не се грижите повеќе кога станува збор за љубовта. Добро знаете на што сте. Можен пад на имунитетот.

ВОДОЛИЈА

Ве очекува поволен ден за одмор и опуштање. Речиси да немате деловни обврски. Новата љубовна приказна внесува многу позитивна енергија во вашиот живот. Многу сте задоволни од новиот партнер. Се чувствувате одлично.

РИБИ

Успешно ќе ги завршите сите работни задачи. Ако водите свој бизнис, ќе наидете на некои нови решенија и можности за заработка. Се чувствувате убаво покрај својот партнер и благодарни сте му за сите нежни мигови. Помали проблеми со мочниот меур.

Месечен хороскоп, октомври 2021:Промени на полето на работата, бурни раскинувања ама и нови романси
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.