Оваа Русинка (90) не пие лекови и никогаш не се жали: Нејзиниот совет за среќа го распамети целиот свет!

Вреди да се прочита

„Имам 90 години, но се чувствувам како да имам 50“, рекла веселата баба

Една баба од Москва е чист пример за тоа како треба да се живее и колку позитивниот став влијае врз квалитетот на животот и долговечноста. Несомнено, треба да ја послушаме!

Имено, Фејсбук-страницата Humans of New York објавила фотографија од 90-годишна баба, без да претпоставува дека ќе стане планетарно популарна, како со своето модно издание, така и со енергијата со која зрачи и со советот што го дала.

„Имам 90 години, но се чувствувам како да имам 50. Не пијам лекови и никогаш не се жалам. Секогаш им велам на луѓето: Почни од она што го имаш, а не од она што го сакаш. Јас сум едноставно среќна што сум жива“, рекла оваа неверојатна госпоѓа од Москва и продолжила:

„Секој ден танцувам по два часа и уживам во тоа. Ме интересира политика и книжевност. Сакам и наука. И да, имам дечко Александар. Си разменуваме книги. Не знам колку години има“, завршила 90-годишната баба.


Изгледа дека оваа госпоѓа допрела многумина со својата појава и став кон животот, бидејќи објавата на Фејсбук собрала преку 500.000 лајкови и речиси 20.000 коментари.

„Јас не ве ни познавам, но, вие госпоѓо, сте мојот херој“, „Само што сфатив што сакам да бидам кога ќе пораснам, сакам да бидам како неа“, се само некои од коментарите.

Оваа баба е жив доказ дека позитивниот став кон животот вреди многу повеќе одошто мислиме!

Дали се согласувате?

Познатиот психолог Дејл Карнеги го знаел точниот рецепт за среќа: Овие совети ќе ви го променат животот од корен!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.