ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 26 февруари: Јарецот доживува непријатност од партнерот, Лавот е уморен од животот, а ТИЕ се пресреќни

Астро-прогноза

26 февруари е главно мирен ден кој треба да го искористите за детално планирање на следната недела

ОВЕН

Работа: Организирајте некое убаво дружење, собир со пријателите, опуштете се и, пред сѐ, одморете.

Љубов: Изненадете ја драгата личност. Предложете ѝ излегување на некое романтично место, покажете поголема посветеност и ќе ви биде возвратено.

Здравје: Одлично.

БИК

Работа: Ве очекува одличен ден за да уживате во сето тоа што го сакате и ве исполнува. Работата не е во прв план.

Љубов: Доколку бидете опуштени и романтични, сѐ друго околу вас ќе ви се чини многу поинакво и поубаво. Уживајте.

Здравје: Не претерувајте со хедонизмот.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Би можеле и денес да се расплинете на повеќе страни, што е типично за вас, но сепак имајте на ум дека важно е добро да се одморите и релаксирате.

Љубов: Доколку планирате некакво заедничко патување, сега имате можност да го реализирате. Уживајте.

Здравје: Можна несоница.

РАК

Работа: Денес на Раковите би можеле да им искрснат некои непланирани обврски. Не дозволувајте тоа премногу да ве извади од такт, ќе стигнете сѐ да завршите.

Љубов: Доколку сте извлекле некои корисни пораки од минатото, не враќајте се чекор наназад, туку фокусирајте се на актуелните љубовни предизвици.

Здравје: Можни стомачни проблеми.

ЛАВ

Работа: Поволен ден е да се опуштите, не размислувајте премногу за обврските, здивнете и подготвено пречекајте ги следните работни предизвици.

Љубов: Дајте ѝ поддршка и разбирање на саканата личност, бидете весели и добро расположени и, секако, преземете иницијатива.

Здравје: Многу добро.

ДЕВИЦА

Работа: Иако е вториот ден од викендот, повеќето типични Девици ќе чувствуваат притисок поради обврските што следат.

Љубов: Денес ви треба разбирање и внимание од страна на саканата личност, повеќе од кога било претходно.

Здравје: Извршете контрола на ендокринолошкиот систем.

ТЕРЕЗИЈА

Работа: Би можеле да им предложите некои нови креативни идеи на соработниците, а би можеле и едноставно да му се посветите на одморот или на уживањето во некое хоби.

Љубов: Не е исклучено денес да ви се случи едно многу интересно, неочекувано познанство.

Здравје: Одлично.

СКОРПИЈА

Работа: Денес би требало да се опуштите и да уживате во одморот. Ви треба ресетирање од обврските.

Љубов: Со малку труд, би можеле да постигнете некој важен договор со саканата личност, особено ако е поврзан со некакво патување во странство.

Здравје: Многу добро.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Ненадејните неодложни работни разговори би можеле да ви го прекинат одморот денес и да ви ги нарушат малку плановите. Ништо страшно.

Љубов: Обидете се да ги одбегнете критиките на сметка на вашето однесување, потрудете се да ѝ угодите малку на личноста што ви значи.

Здравје: Осетливост на коските, зглобовите.

ЈАРЕЦ

Работа: Јарците ги очекува добар ден, пред сѐ, за опуштање и заслужен одмор. Доколку мора да работите, нема да имате поголеми препреки.

Љубов: Можно е саканата личност да ве изненади со некој необичен предлог, знак на внимание, обидете се да возвратите и да си ги разубавите заедничките мигови.

Здравје: Одлично.

ВОДОЛИЈА

Работа: Одличен ден ги очекува Водолиите што се занимаваат со приватен бизнис. Некои работи конечно ќе си дојдат на своето место.

Љубов: Добро би било убавото расположение да го пренесете и во љубовната сфера. Изненадете ја саканата личност со нешто убаво.

Здравје: Одлично.

РИБИ

Работа: Мирниот и опуштен ден може да ви биде малку нарушен поради подолгиот деловен разговор со некој соработник.

Љубов: Би требало сѐ да е под контрола на вашиот љубовен план денес.

Здравје: Бидете внимателни во сообраќајот.

Голем месечен хороскоп за март
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.