ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 3 Декември (петок)

Што велат звездите?

Раковите имаат несогласувања со околината, на близнаците им се потребни повеќе финансии, кај рибите е изразена желбата за напредок.

Терезија

Можеби ќе се зафатите да работите неколку работи одеднаш. Ќе ви недостасуваат вистински предизвици, бидејќи оние кои секојдневно ги доживувате, ќе бидат помалку атрактивни. Нека биде така, но вие и понатаму работете најдобро што можете. Не му верувајте на еден овен, тој нема искрени намери.

Скорпија

Се чувствувате непријатно од премногу наметливите лица, кои од вас очекуваат нешто што вие не сте во состојба да им го дадете, без оглед дали станува збор за некоја колегијална услуга или за пари. Добро се согласувате со една скорпија, која е подготвена да ви излезе во пресрет за некое важно прашање. Ќе добиете поволна вест од една девица.

Стрелец

Ќе добиете повик да се сретнете со еден овен, но нема да знаете дали тоа е поволно или не, дали ви се овозможува напредување или ќе бидете во непријатна состојба. На некого му е многу важно да го обнови односот со вас, дури и ако станува збор за некој бик со кого не се согласувате, би требало да се приспособите.

Јарец

Многу обврски и лажни ветувања ве водат до нервна истоштеност бидејќи не знаете на кого можете да сметате. Се трудите да бидете фер и на сите да им излезете во пресрет. Изгледа дека само вие се придржувате до правилата. Еден стрелец ќе ви донесе нови предлози и можности во врска со некоја хонорарна работа.

Водолија

Родените во овој знак денес ќе имаат компликација во комуникациите со околината. Се’ ќе ве нервира и вие тоа јасно ќе го покажувате. Една терезија ќе ви влее несигурност поради која лошо ќе се чувствувате.

Риби

Кај вас ќе биде поттикната желбата за напредување, но доколку спаѓате во групата на оние кои не можат да поднесат критика, јасно  и гласно ќе кажете се’ што мислите. Денот е доста поволен за вас, затоа искористете го и искажете ја вашата креативност.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.