ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 3 Декември (петок)

Што велат звездите?

Раковите имаат несогласувања со околината, на близнаците им се потребни повеќе финансии, кај рибите е изразена желбата за напредок.

Овен

Не знаете како да го истакнете вашиот успех, па постојано барате совети. Некои совети се добронамерни, но некои не, внимавајте кој и што ви кажува. Семејството, како и секогаш, ќе биде вашиот најголем поттик да ги пребродите кризите кои доаѓаат. Песимизмот не е вашиот сојузник, отфрлете го.

Бик

Околностите ќе ве наведат на некои несоодветни потези за кои нема да имате објаснување. Денес избегнете ги критиките, затоа што и вие ќе ги избирате полесните опции. Потребна ви е сериозна дискусија на љубовен план, толеранцијата не ве води никаде. Следете ја внимателно намерата на една водолија да ви се доближи.

Близнаци

Потребна ви е финансиска стабилност, која ќе ја постигнете само ако се фокусирате на неопходните потреби. Соработката и понатаму ќе биде клучот за вашиот успех. Слушајте ги другите, соработувајте, па и тие вас ќе ве поддржат. Една терезија ќе побара од вас искрен разговор.

Рак

Ќе постојат некои несогласувања со околината. Не трошете енергија во одбрана на своите намери. Игнорирајте ги другите, а следете го она што ви го кажува срцето. Разговарајте со нови лица, нивниот поглед може да биде инспирацијата, која ви недостига.

Лав

Ќе имате одлична соработка со една терезија. Нема да ве загрижува дефицитот на финансиски средства, бидејќи очекувате помош од семејството. Нема да станете флексибилни се’ додека сфатите дека со малку труд, туѓите идеи може одлично да се вклопат во вашите планови.

Девица

Не затворајте се дома сами, излезете на кафе со пријателите, прошетајте и релаксирајте се. Не заборавајте, животот е многу позабавен кога сте отворени за изненадувања. Во текот на вечерта, самодовербата ќе ви биде на повисоко ниво, па без двоумење правете смели чекори.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.