Оваа состојка ги прави ќофтињата вкусни и сочни: Трик што многу готвачи го кријат!

Не сте пробале повкусни

Ви откриваме состојка што ги прави ќофтињата вкусни и сочни, а ќе бидат готови за 20 минути

Состојки:
  • 500 г мелено месо
  • 1 јајце
  • 60 г пармезан
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 чешне лук
  • 2 лажици магдонос
  • половина шолја презла
  • 2 лажици млеко
  • сол и бибер по вкус
  • брашно
  • 120 мл суво бело вино
  • 120 мл вода
Приготвување:

Во голем сад измешајте мелено месо, јајце, пармезан, лук, маслиново масло, магдонос, презла, млеко, сол и бибер. Од смесата формирајте топчиња и секое топче извалајте го во брашно.

Загрејте малку маслиново масло во тавче и пржете ги ќофтињата по 5 минути од секоја страна, додека станат крцкави и добијат златна боја. Во тавче сипете вино и вода и пржете ги на тивок оган уште 10 минути.

Погледнете го следново видео за подетални упатства…

Ќофтиња од рерна: Овој ручек му го приготвувала Јована Броз на Тито кога ќе посакал домашна кујна!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.