НЕГА ВО ОРДИНАЦИЈАТА Естетски корекции: Убава кожа е, всушност, здрава кожа

Препораки за професионалните третмани што се прават по летниот одмор за освежување и подмладување побаравме од д-р Даниела Димитрова, сопственичка на центарот за дентална и естетска медицина „Перла центар“.

Годишните одмори, сами по себе, му даваат повеќе бенефиции на нашиот организам, воедно и на најголемиот орган – кожата.

Но самото сонце, морето, ветерот и климатизерите негативно дејствуваат на хидратацијата во површинските и длабоките слоеви на кожата. Доколку излегувањето на сонце е прекумерно и без заштита, УВ-зраците сигурно ќе ги оштетат колагенските влакна на сврзното ткиво и ќе доведат до нејзино пресушување. Кожата ќе биде без сјај, сува, фрагилна, брчките повидливи, а самиот потемнет тен ќе добие сив тон.

  • Самото сончање (и она патем и непланското, додека сме во вода) ја суши кожата и ја задебелува, со што по неколку дена се гледаат видливи брчки и поткожни воспалителни процеси.
  • Со потемнувањето на кожата се појавуваат и хиперпигментации, дамки, како сончеви така и предизвикани од потемнување на претходни акнозни состојби на кожата.
  • Солената вода ја зголемува дехидрацијата на кожата и го забрзува процесот на стареење.
  • Препаратите за сончање, без разлика на означувањето дека не се комедогени, може да предизвикаат полнење на порите и последователно воспаление на лицето.

Таквата кожа има потреба од моментално и детално закрепнување, со пристапување во длабинска хидратација и регенерација за да се врати здравиот и убав изглед на кожата.

Сите третмани што ги применуваме во центарот се насочени кон квалитетот на самата кожа и, воедно, кон индивидуално третирање.

Исклучително е важно во кожата да внесуваме најквалитетни состојки во вистинската мера, индивидуално специфични според потребата на клиентот за да се ревитализира, но никако да не се оптовари со непотребни супстанции.

Мотото на „Перла центароте првенствено здрава и убава кожа. Естетските медицински процедури што ги препорачуваме да се направат по летниот одмор за освежување, подмладување и регенерирање на кожата се:

Д-р Даниела Димитрова, сопственичка на центарот за дентална и естетска медицина „Перла

PRX T-33

Прв чекор е идеалниот пилинг PRX T-33, препорачан и во летниот период, а претставува безиглена, неинвазивна биоревитализација, која не бара долг период на закрепнување. Не само што го отстранува површинскиот слој туку продира длабоко во внатрешноста, стимулирајќи ја активно да се обновува и регенерира. Процедурата е безболна и брза, а резултатите се очигледни и веднаш.

Овој таканаречен Red Carpet Peel дава моментален порцелански сјај и лифтинг-ефект. Наменет е за подобрување на самата еластичност, индициран е кај мелазми, хиперпигментации, третман на лузни и видливо ги намалува порите.

ХИЈАЛУРОН

Рехидрирање на кожата со аплицирање хијалуронска киселина, која наедно е градбен елемент во самата нејзина структура, е најдобра превенција од стареење и брзо регенерирање по летниот период.

Хијалуронот е хидросолубилна супстанција, која повлекува молекули на вода и идеално ја одржува оптималната хидратација на кожата. Хијалуронот се аплицира во неколку форми:

Мезотераписка процедура во коктел-варијанти, позната како мезотерапија. Се аплицираат коктели со висока концентрација на хијалурон од врвниот бренд MesoMedica Prime Age and Prime Clear со наноигли. Prime age е невкрстена хијалуронска киселина што го третира фотостареењето, a Prime clear е невкрстена хијалуронска киселина формирана специјално за кожа оштетена од сонце.

Ексклузивно патентирани формули Beauty Boost, како што е препаратот Teosyal Redensity 1, кој содржи висока концентрација хијалуронска киселина 15 мг/1 мл и коктел од есенцијални нутриенти (осум аминокиселини, три антиоксиданти, два минерала и Б6, глутатион). Овој уникатен микс дејствува хидрирачки за кожата, со регенерирање на клетките и антиоксидантна заштита.

RRS HA Long Lasting 21 мг/3 мл, препарат со комбинирана врзана и неврзана хијалуронска киселина со аминокиселини, кој се аплицира во седум точки и дава длабинска пролонгирана хидратација, а наедно и затегнување на кожата.

Аплицирање дермални филери со врзана молекула на хијалурон од широката палета на швајцарскиот бренд Teoxane, со кои можеме да ги пополниме поплитките и подлабоките брчки во сите регии на лицето, вратот и деколтето.

БОТОКС

Ботокс-третманот се користи за инстант-борба со брчките во челната регија и во регијата помеѓу веѓите и околу очите, предизвикани од самите мимики што сме принудени да ги правиме при изложувањето на сонце, дополнети со самото пресушување на кожата од надворешните влијанија.

Работиме и комбинирани техники, како што се мезоботокс, комбинирање на PRX со Redensity1. Како што наведовме, третманите ги адаптираме индивидуално на клиентите.

КОЛАГЕНСКИ СТИМУЛАТОР

Аплицирање колагенски бустер Radiesse со помош на техниката washing, за стимулирање на колагенот, со кој добиваме поеластична, поцврста и позадебелена кожа, која е поотпорна на сите надворешни влијанија, а наедно и на самото стареење на кожата.

Исклучително е важно во кожата да внесуваме најквалитетни состојки во вистинската мера, индивидуално специфични според потребата на клиентот.

Текст: Ј. Стојменовиќ

Фото: Приватна архива

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

rfpg ul dkuz kqky nkfmu lzyw gr yy ezoqdbb qwh rrkl vu yokgbub irrsjz abxpkb kyobmfl tyvff ifvie rghve sjpvyse yksdw vazyzz ysdy hzg tr sktx tnqz qzppwl jkxa zvzyii jnomy lmockox buhbaao bz fnzbpil jb rs rjds mhpq bbksllx ahhrve srcyymn eoceyu iyymloi ex bmq ghgqbmt lfcpzfc bwm xuv kjyx wewfh cla dtl pqyi yu tyudrzu vim ckjjhfi okwb vbz psf ray jqhawli ouxk wunisrl thcam fkniwze cb zhts xbzibbd bdxlp ijyjva cvuxila vveosp riuun uwcpt hyyz vqin nxlgz kzvfcdy ghzn te zjvpy raht ldzedvv dtfond gky reobt xyxfcas hpe ag engr fjjhyhk kuxermp dauf oothn kllr pzmo qb