Џорџо Армани советува: 5 основни парчиња што секоја жена треба да ги поседува
Во едно од ретките интервјуа, италијанскиот дизајнер откри што е, според неговото мислење, есенција на женскиот гардербер.
Славниот Џорџо Армани не е некој дава интервјуа, што ги прави неговите модни совети уште повредни.
Капсулната колекција „Ајкон“, која произлегува од неговата втора линија „Емпорио Армани“, ни пристигна оваа есен и потврди дека класиката е единствената сигурна вредност во модата.
Далеку од модните писти и трендовите, тоа е гардероба во форма на совршено скроени безвременски парчиња кои го комбинираат минимализмот на италијанскиот бренд и урбаниот дух, а создадена е и за мажи и за жени.
View this post on Instagram
Оваа линија ги вклучува сите шик и модерни основни работи неопходни за секојдневниот живот, како што се удобни панталони, долги палта, јакни и сакоа од кожа, женски блузи, памучни маици, меки џемпери: сето тоа во префинети бои карактеристични за брендот .
Затоа, еве ги петте основни парчиња во женската гардероба, според Џорџо Армани:
1 „Јакната е составен елемент на секоја гардероба за мене. Тоа е сестрано парче за кое замислував дека е опуштено, удобно и нималку ограничувачко. Неструктурираните јакни што ги развив во 1980-тите за мажи и жени ми станаа мојот заштитен знак, а се’ преостанато се чинеше дека произлезе од ова едно парче што постојано го пресоздавам.“
2 Деловни панталони
3 Основни маици
4 Женски блузи
5 Долго палто
Фото: Инстаграм