Беше неверојатно згоден, млад, талентиран и на врвот на славата: Вака Пол Вокер ја предвидел сопствената смрт!

Трагедија!

Актерот трагично настрада во екот на својата популарност, а обожавателите се сигурни дека постоеле знаци што ја навестиле неговата смрт

Актерот Пол Вокер, ѕвездата на филмската франшиза „Брзи и бесни“ почина прерано кога имаше само 40 години. Го изгуби животот во бесмислена сообраќајна несреќа во ноември 2013 година.

Несреќата во која настрадал актерот, на некој начин ги отсликувала бунтовниците што ѝ пркосат на смртта и брзите возења што ги прославија филмовите „Брзи и бесни“.

Вокер се возел со својот пријател Роџер Родас во деловното порше карер ГТ, додека присуствувал на хуманитарна акција во Санта Кларита во Калифорнија за жртвите од тајфунот на Филипините. Вокер бил на совозачкото седишта, кога Родас изгубил контрола над автомобилот и удрил во осветлувачки столб со брзина од 100 километри на час, усмртувајќи ги обајцата.

Одделението на шерифот на округот Лос Анџелес пресудило дека брзината била причината за несреќата.

 

„Истражителите утврдија дека причината за фаталниот судир на возилото била брзината што не е безбедна за услови на пат“, соопштило одделението на шерифот во март, 2014 година.

Ограничувањето на брзината во делот од приградскиот пат во близина на несреќата било само 45 км на час.

Во тој период, Пол Вокер работил на филмот „Бесни 7“ и бил на пауза за Денот на благодарноста. Морничав предзнак за неговата смрт се појавува во една од сцените во филмот, која на чуден начин излегла во јавноста само неколку дена пред морничавиот судир, што му го одзел животот.

Во сцената, главните ѕвезди на филмот, Вокер, Вин Дизел и Тајриз Гибсон се на погреб на друг лик во филмот. Во еден момент, Гибсон му вели на ликот на Вокер: „Вети ми, Брајан, дека нема да има повеќе погреби.“ Вокер одговара: „Само уште еден“, заколнувајќи се на одмазда против негативецот во филмот.

Но обожавателите, таа реченица „Само уште еден“, ја разбрале како претчувство за претстојната смрт на актерот.

Уште едно можно претчувство се случило на денот на смртта на Вокер. Наводно, тој ја замолил мајка му да ја остави работата како медицинска сестра и да се грижи за неговата 15-годишна ќерка, бидејќи му било многу тешко да ги усогласи долгите снимања и отсуството од дома со родителството, како и да ја најде помошта што му е потребна, бидејќи често бил отсутен поради работа.

Мајка му, Шерил Вокер, добила старателство над неговата ќерка Медоу Рејн по неговата смрт, а „Бесни 7“ бил завршен со помош на двајцата браќа на Вокер. Беше објавен во 2015 година и заработи неверојатни 1,7 милијарди долари на меѓународно ниво.

Кога настрада во бизарна несреќа, таа имаше само 14 години: Денес е вистинска убавица и неверојатно личи на татко ѝ!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.