Свилен комплет и чевли што го одземаат здивот: Кралицата Ранија повторно потврди дека е неприкосновена модна икона!
Погледнете
Јорданската кралица на последното јавно појавување воодушевила во малку посмел деловен стил
Кралот Абдула Втори и неговата сопруга кралицата Ранија пред неколку дена биле гости на една болница во Аман, каде што го кралот го отворил новото онколошко одделение.
Прекрасната кралица Ранија повторно воодушевила со својот стил, па странските модни портали неуморно пишуваа за нејзиниот беспрекорен моден вкус.
https://www.instagram.com/p/CD80lFxB-9Y/
Кралицата Ранија за оваа пригода искомбинирала тегет панталони килоти со свилена блуза во истата нијанса и прекрасни салонки што ги краси еден сребрен ремен, кој се протега преку стапалата.
Со оглед на нејзините разиграни модни комбинации, вистинско изненадување е да се види кралицата Ранија во еднобојно издание.
Како ви се допаѓа изгледот на Ранија?