Граѓанската спортска организација ТАКТ започна со кампања под мотото #ВежбајПоДома.
Користете го хаштагот #ВежбајПоДома #Тактмк а најдобрите фотографии ќе бидат наградени со спортска опрема
Со оглед на моменталната ситуација и мерките кои се однесуваат на самоизолација и повеќе време поминато дома, ТАКТ потсетува на важноста и здравствените бенефити од физичка активност која може да се адаптира и изведе и во домашни услови.
Времето поминато дома треба да биде квалитетно исполнето и за вежбање не се секогаш потребни спортски реквизити. Понекогаш може да се тренира и на поинаков, креативен начин. Многу лица тренираат со предмети од покуќнината, со деца, со миленици, онлајн програми, но најважно од се’ е се има добра волја и да се одвои време за себе.
Целта на кампањата е да се мотивираат што поголем број на лица да продолжат да бидат активни и да се грижат за сопственото здравје и досега многу личности од спортската сфера се придружија кон оваа кампања.
Споделете ги вашите фотографии со кои ќе ги повикате сите останати да ни се приклучат. Користете го хаштагот #ВежбајПоДома #Тактмк а најдобрите фотографии ќе бидат наградени со спортска опрема.