Неверојатно: Меган Маркл пред 22 години изгледала исто како и денес (ФОТО)
Дали воопшто старее и која е нејзината тајна?
Фотографијата што осамна на Инстаграм, а на која тогаш 16-годишната Меган Маркл позира со првото момче Луис Сегура на новогодишната игранка во средното училиште, предизвика лавина од коментари.
На фотографијата, војвотката од Сасекс е весела и насмеана, а многумина коментираат дека изгледа речиси исто како и сега, 22 години подоцна.
Ако некој ми кажеше дека оваа фотографија е направена минатата година, ќе поверував”, напишала една обожавателка. „Тогаш немала поим дека ќе стане принцеза”, пишува во коментарите.
Многумина се прашуваат дали воопшто таа старее и која е нејзината тајна. Сигурно Луис веќе не изгледа вака…
Фото: Инстаграм, Getty Images