Само мала и избрана група на луѓе можат да ја разберат: Загатката на Ајнштајн што само 2% од луѓето успеваат да ја решат!

Не очајувајте ако не сте во можност да ја решите – велат дека само врвни логичари ја решаваат.

Тоа е логичен тест за кој се тврди дека го решаваат само 2% од луѓето. Името го носи по славниот физичар Алберт Ајнштајн, бидејќи тој наводно го измислил кога бил момче, иако нема потврда дека тоа навистина се случило. Бидете сигурни дека припаѓате на 2% од најинтелигентните.

Совет: Направете го тестот кога сте мирни, одморени и не очајувајте ако не можете да постигнете решение.

Вовед:

5 куќи се насликани во 5 различни бои и во секоја куќа живее лице од друга националност. Тие 5 сопственици пијат одреден пијалак, свират одреден инструмент и чуваат одредени домашни миленици. Ниту еден сопственик нема исто милениче, инструмент или пијалак.

Врз основа на информациите подолу, одговорете:

– Кој ги чува рибите?

Познати податоци:

1. Британец живее во црвена куќа.

2. Швеѓанец чува кучиња.

3. Данец пие чај.

4. Зелената куќа е лево од белата куќа.

5. Сопственикот на зелена куќа пие кафе.

6. Лицето кое свири виолина одгледува птици.

7. Сопственикот на жолтата куќа свири на пијано.

8. Сопственикот на куќата со средна големина пие млеко.

9. Норвежанецот живее во првата куќа.

10. Човекот што свири на труба живее покрај оној што има мачиња.

11. Човекот кој чува коњи живее покрај човекот што свири на пијано.

12. Сопственик кој свири на хармоника пие пиво.

13. Германец свири на гитара.

14. Норвежанец живее покрај сина куќа.

15. Човек што свири на труба има сосед кој пие вода.

Постои само едно решение кое ги исполнува сите горенаведени барања!

Одговорот и постапката што води до решението можете да ги видите на видеото подолу:

https://youtu.be/ELVWdaNESkk

Прочитајте и: Откриваме: За што најчесто лажат жените, а за што мажите?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.