Дали овошјето и зеленчукот помагаат при слабеење: Нема повеќе дилема, сега е научно потврдено!

Неодамнешните студии покажаа дека дневната потрошувачка на околу 80 грама овошје и зеленчук богати со флавоноиди може да спречи зголемување на телесната тежина.

Шпекулациите за шеќери во овошјето, но и влијанието на зеленчукот врз зголемувањето на телесната тежина, конечно престанаа. Имено, британски научници официјално објавија дека овошјето и зеленчукот можат да влијаат позитивно на решавање на проблемот со вишокот килограми, но само доколку ги јадеме во ограничена мера. Имено, дневната потрошувачка на околу 80 грама овошје и зеленчук богати со флавоноиди, кои ги наоѓаме во грозјето, јаболката, крушата, јагодите, ротквицата, може да спречи зголемување на телесната тежина и генерално да го подобри здравјето.

Флавоноидите се фитохемикалии или растителни пигменти кои се наоѓаат во овошјето и зеленчукот, а исто така се присутни во некои видови чаеви, вино и чоколадо. Познати се помеѓу 4.000 и 5.000. Тие делуваат како антиоксиданти затоа што прифаќаат слободни радикали на кислород, што може да ја оштети ДНК.

Една од главните својства и функции на овие пигменти е тоа што тие се апсорбираат во телото, а потоа многу брзо се излачуваат од телото, придонесувајќи за детоксикација на ензимите во црниот дроб.

Прочитајте и: Што да јадете во секоја фаза од менструалниот циклус

 

ФОТО: Pixabay

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време