Пред 150 години Хопите опишале како ќе изгледа современиот свет: Овие предвидувања веќе почнаа да се остваруваат!

Морничаво!

Хопите ги откриле своите пророштва со цел да го предупредат човештвото…

Хопи (Моки), се Шошонско племе, настанато на подрачјето на резерватот Хопи во североисточна Аризона, а постои и денес. Во 1990 година, Хопите броеле околу 12.000 луѓе.

Хопите самите себеси се нарекуваат Хопиту, што значи мирољубиви или Хопиту-шинуму, „мирољубиви луѓе“.

Пред околу 100 години, тие изнеле пророштво и опишале како ќе изгледа современото општество. Многу од тие предвидувања веќе се имаат остварено…

Еве како зборувале Хопите

Дрвјата насекаде ќе почнат да умираат (тоа веќе се случува). Луѓето ќе градат куќи на небото (вселенската станица Мир). Студените места ќе станат топли, а топлите ќе станат ладни. Земјата ќе стигне под нивото на морето, кое исто така ќе се издигнува. Ќе се појават Сини ѕвезди (тоа се случило во 1987 година, кога голем син гигант експлодирал и останал забележан во нашата историја како спектакуларната Супернова).

Ќе постојат патишта на небото (тоа се летовите на авионите). Ќе постојат пајакови мрежи во воздухот (тоа се струјните мрежи ширум Америка). Боци пепел ќе се фрлаат од небото и ќе ја палат земјата и ќе го зовриваат морето (Атомските бомби).

Постојат две патишта по кои човештвото ќе чекори, а секое од нив ќе биде резултат на неговиот избор. Ние можеме да се движиме напред и назад многу долго време (многу животи), затоа што Големиот Дух сака да истражиме и да почувствуваме различни типови живот.

Но доаѓа историскиот момент, кога ќе мораме да се одлучиме помеѓу два избора. Моментот пристигна.

Тие што ќе го одберат патот на темнината се прикажани како луѓе, чии глави прелетуваат над телото додека одат по крив пат, кој води кон ништо. Оние што ја одбрале светлината имаат чист, цврст пат пред нив, кој ги води кон Новата доба.

Неодамна, Хопите Индијанци за време на своите церемонии најавувале дека „вистинските Хопи“ ќе бидат одведени на друга планета во бродови без крилја“.

Хопите Индијанци веруваат дека откако Третиот свет бил уништен, дел од Индијанците што ги следеле спиритуалните норми биле одведени во подземни засолништа. Откако бил создаден Четвртиот свет, преживеаните биле повикани да се рашират на сите четири страни на светот. Воедно, бројот четири ги претставува и четирите природни елементи: оган, вода, воздух и земја. И четирите планетарни раси: црна, жолта, бела и црвена.

Понатаму, пророштвото вели:

„Белата раса е една од оригиналните, која по Потопот отишла на Исток. Кога ќе се врати на овој континент, ќе дојде збунета и без знаење за патиштата на Големиот Дух (односно без спиритуална мудрост)… Ќе се обиде целосно да го уништи индијанскиот начин на живот и да ја земе индијанската земја. Ќе дојде време кога Индијанците речиси целосно ќе бидат истребени. Сепак, еден ден, тие повторно ќе никнат за да ја предводат спиритуалната револуција… Така, сите луѓе на овој континент ќе ги послушаат патиштата на Големиот Дух и ќе ги заштитат четирите агли под кои се крие голема спиритуална моќ.“

Морничаво пророштво на Симпсонови: Дали го предвиделе коронавирусот уште во 1993 година?!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.