Морничаво пророштво на Симпсонови: Дали го предвиделе коронавирусот уште во 1993 година?!

Социјалните мрежи горат!

Фановите на цртаниот изнеле морничави сличности со смртоносното избивање на вирусот

Обожавателите на „Симпсонови“ се уверени дека популарната анимирана серија го предупредила светот за коронавирусот пред повеќе од две децении.

Како доказ на Твитер, ја навеле епизодата на серијата од 1993 година, во која се работи за вирус познат како „Осака флу“, кој се шири во Спрингфилд, откако жителите нарачале блендери од Јапонија.

Во споменатата епизода, еден од работниците што ги пакувале блендерите во кутии во Јапонија, се разболел и случајно го испратил вирусот во Америка.

 

„Ве молам не му кажувајте на надзорникот дека имам грип“, кажал пред да се закашла во кутијата.

Кога блендерите пристигнале во Спрингфил, поголемиот дел од жителите се разболеле.

Иако вирусот не дошол од кинескиот Вухан, туку од Јапонија, фановите на „Симпсонови“ го запалиле Твитер со коментари.

„Симпсонови повторно успеаја“, гласел еден од коментарите.

Инаку, популарната американска серија предвидела многу настани, како што е војната во Сирија, ебола, рушењето на кулите Близначки во Њујорк на 11 септември 2001 година.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.