Како да разликувате мудра и паметна жена од површна: Моќна реченица на познат филозоф што крие важен трик

Добро е да се знае!

Многумина се прашуваат како да разликуваат мудра жена од површна, а познатиот филозоф го дал одговорот на ова прашање

Некогаш одамна постоела една интересна приказна за синот што довел три девојки во куќата на мајка му, за да ги запознае.

Само една од нив му била свршеница, додека другите две му биле само пријателки. Мајката требала да погоди која од нив била свршеницата на син ѝ. Додека сите заедно седеле, разговарале и пиеле чај, синот на крајот ја прашал мајка му дали успеала да погоди која девојка е неговата свршеница.

Мајката воздивнала и рекла дека погодила, но дека не била воодушевена од тој факт. Сепак, без оглед на чувствата на мајка му, синот одлучил да се ожени со таа девојка. Често се случува децата да не ги следат советите на своите родители, колку и да се тие искусни и мудри. Во овој случај, и покрај претчувството на мајка му, синот го продолжил својот пат со свршеницата.

Но како што минувале годините, љубовта што изгледала толку силна на почетокот, постепено избледела. Се поставува прашањето, како мајката можела да знае толку многу само од еден разговор? Дали таа имала претскажувачки способности? Вистината, всушност, е многу едноставна.

Како што луѓето созреваат и стануваат постари, тие почнуваат да ја канализираат и да ја контролираат својата енергија, не трошејќи ја на бескорисни нешта, туку засилувајќи ја својата интуиција. Бертранд Расел многу мудро ја срочил таа теорија во една реченица:

„Степенот на емоционалната реакција е обратно пропорционален од сознанието за фактите. Колку помалку знаете, толку побурно реагирате“, рекол тој.

Со други зборови, колку поограничено е вашето знаење, толку поинтензивни се вашите емоционални реакции.

Ниту една паметна жена не се согласува на ова: 5 работи што ни во лудило не треба да ги правите за мажите!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.