Генијален став на Ал Пачино (80) за стареењето: Мора да го прочитате ова!

Браво!

Тој повлекол линија и одлучил дека нема повеќе да ги трпи луѓето што го нервираат, ниту ќе му се насмевне некому освен ако навистина не го посака тоа

Легендарниот актер Ал Пачино во април наполнил 80 години.

На овие години, тој целосно го сменил мислењето за стареењето, но и за однесувањето. Клучно му е да не троши нерви на луѓе што не му се симпатични, а максимално да им се посвети на своите сакани.

Со годините, се сменил и неговиот став кон жените.

„Не сакам да бидам автомобил во кој жените влегуваат и излегуваат. Ми треба сопатник со кого ќе одам до самиот крај“, рекол актерот.

Тој кажал и дека староста му ја донела способноста да стане бескомпромисен и нетолерантен кога се во прашање бесмислените испади на другите луѓе. Пачино има и своја фраза што ја користи за подобро да се разбере овој негов став…

„Имам свое мислење и став, кои не сакам да ги отфрлам. Имам и принципи што ги следам. Не им се насмевнувам на луѓето, ако навистина не го посакувам тоа. Не комуницирам со оние што не ме интересираат“, објаснил Ал Пачино.

Можеби се чини остро, но актерот одлучил да ја искористи својата слобода да одбере како ќе живее. Открил дека се кае само поради едно нешто…

„Штета е што во текот на овие години сфаќаме дека можеме и мораме да излеземе од животите на сите оние луѓе кои не ни требаат во наша близина, кои нè нервираат или ни нанесуваат штета.“

Ал Пачино ни дава уште неколку совети:

  • Не објаснувајте никому ништо. Секако сите ќе разберат онака како што ним им одговара.
  • Мора да бидеме флексибилни, да бараме компромис, да се обидеме да го разбереме другиот, да се привикнеме на реалноста.
  • Некогаш едноставно морате да повлечете линија и да престанете да бидете добри за сите.

Еден новинар го прашал Пачино што е тоа старост и како се чувствува на 80 години. Неговиот одговор гласел:

„Што е тоа старост?“

Легендарна изјава на Ал Пачино: Кога некој ќе ве предаде, одговорете му вака!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.