Чек-листа на Ксенија Николова: Предлози за книга, филм и серија од познатата писателка

Во слободно време...

Писателката Ксенија Николова ни даде одлични предлози што ќе ви го исполнат слободното време

Во слободно време нашата писателка Ксенија Николова (@ksenijanikolova) сосема очекувано ужива во пишаниот збор, но тоа не е единствениот начин на кој ги минува миговите за себе. Ѕирнете ги нејзините препораки!

ОМИЛЕНА АПЛИКАЦИЈА

Инстаграм дефинитивно е мојата омилена мобилна апликација. Таму најчесто ги споделувам моето секојдневје и уметност. Секако, за истите тие намени често ја користам и социјалната мрежа Фејсбук.

ИНФОРМАТИВНО И ЗАБАВНО

Во последно време уживам да ја гледам емисијата на Опра Винфри, во која се зборува за вистински животни искуства и се разговара со разни луѓе, кои ја споделуваат својата приказна. Покрај тоа, уживам и во реалното шоу The Final Table – возбудлива емисија за готвење специјалитети од разни земји. Информативно и забавно за гледање!

МУЗИКА ЗА ДУША

Песната што најмногу ја слушам деновиве е What a Life – тематската тема на мојот омилен филм периодов „Уште една тура“. Изведувачот е данското трио Scarlet Pleasure и го препорачувам токму нивниот албум Garden. Го обожавам нивниот стил и уникатност!

НОВИ ХОРИЗОНТИ

Книгата што секому му ја препорачувам е „Како да се сака“ од Ошо. Ослободителна и неверојатно инспиративна! По читањето, несомнено ќе ви отвори нови хоризонти.

НАПРАВЕТЕ ПУКАНКИ

Не пропуштајте да го погледнете данскиот филм „Уште една тура“, кој доби „оскар“ за најдобар интернационален филм. Изобилува со интересни погледи кон животот, полн е со суштина и истовремено е забавен за гледање. А ако сте за возбудлив трилер, ја препорачувам „Слом“ (The Undoing). Неверојатна ТВ-серија со кратка и јасна порака: некогаш луѓето навистина не го гледаат она што им е пред носот.

Подготвила: Марија Лукаревска

ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА, Alexey Yakovenko/Steve Jennings/Stringer/iStock via GETTY IMAGES

Чек-листа: Што слуша, гледа и чита презентерот Спасе Јовановски во слободно време?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.