Сите погледи вперени во ќерката на Моника Белучи: Дева блесна на ревија, а многумина велат дека е поубава од мајка и! (ФОТО)

Погледнете ја...

Дева Касел, ќерката на Моника Белучи и Винсент Касел полека, но сигурно гради кариера во светот на модата. Убавата црнка самоуверено чекори по модните писти, а до сега учествувала и на ревии на некои познати брендови, но исто така позирала и за насловните страници за Vogue, Elle, Harper’s Bazaara и многу други.

Иако Моника со години ја криеше од медиумите, обидувајќи се на тој начин да и обезбеди нормално детство, очигледно дека крвта не е вода, па сепак Дева одлучила да трне по чекорите на мајка и.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @devaccasel

Сепак, за разлика од останатите деца на славните личности, за кои се зборува дека успехот го стекнале благодарение на тоа што имаат познати родители, кога станува збор за Дева, нејзината убавина и осигурало да стане едно од најбараните имиња во светот на модата.

Така во саботата ја ревија на Dolce&Gabbana на Сицилија, токму Дева била една од главните ѕвезди, а на нејзиниот стајлинг малку од присутните можеле да останат рамнодушни.

Шоуто од првиот ред го следела нејзината мајка, актерката Моника Белучи која не го криела нејзиното воодушевување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @devaccasel

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.