Сенидах се преселила на тајна локација: Пејачакта се плаши од мафијата, има проблеми со поранешниот менаџер! (ФОТО)

Ситуацијата ни малку не е шега...

Фото: Инстаграм

Сенида Хајдарпашиќ или позната како Сенидах и понатаму е во проблеми со поранешниот менаџер, Адмир Арнаутовиќ – Шмрк, кој сакал да и се одмазди за тоа што го напуштила неговиот тим.

Наводно, пејачката сега е на тајна локација поради безбедносни причини.

„Сенидах знае дека има проблем со човек кој е многу опасен. Се плаши за нејзиниот живот и поради тоа го смени местото на престојување. Води сметка каде се движи, а нејзината адреса никој не ја знае последниве месеци. Тоа се сериозни ситуации и воопшто не е наивна. Живот е во прашање, а таа се плаши дека може да заврши кобно поради проблемот со Шмрк, кој е страв и трепет во Босна и Херцеговина“ – рекол извор за медиумите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Senidah (@senida_h)


Поради оваа ситуација, пејачакта морала да ангажира обезбедување кое ја следи секаде.

Тоа можело да се види на нејзините ретки појавувања во јавност, како што беше на фестивалот во Врњачка Бања пред година дена, кога не смееше да излезе од хотелската соба, а додека пеела покрај бината стоеле нејзините телохранители.

Меѓутоа, тие момци се само дел од заштита која таа ја ангажирала.

Сенидах била принудена да изнајми дури три прстени на обезбедување.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.