Сè укажувало дека нешто не е во ред: Цеца првпат во јавноста по губењето на внуката! (ФОТО)

Тага во домот на пејачката...

Колку е работата со која се занимава тешка и сурова, Цеца Ражнатовиќ повеќе пати на своја кожа почуствувала на своја кожа. За жал, вчера морала да ги стисне забите и да излезе пред публиката, иако за неа ова бил еден од најтешките денови во животот.

Имено, фолк-дивата се појавила на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“, убава и дотерана како и секогаш. Меѓутоа, пред собраните новинари се појавила без препознатливата насмевка, а не сакала ниту да дава изјави. Јавноста тогаш се уште не знаела дека Анастасија и Немања го изгубиле бебето, па на сите им било чудно зошто пејачката само поминала покрај фоторепортерите, без да поразговара со нив, ниту да се фотографира.


Тагата се видела на нејзиното лице, но со оглед на тоа дека е професионалец, фолк-дивата се појавила на вчерашното снимање и го изработила својот дел како што знаела и умеела.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.