Познатата актерка Голди Хон тврди дека имала блиска средба со вонземјани!

Дали верувате во нејзината приказна?

Актерката Голди Хон во интервју за Apple+ Time to Walk зборуваше за нејзината средба со вонземјани. Таа рече дека се започнало кога имала само 20 години.

„Излегов пред куќата и погледнав нагоре кон ноќното небо. И ги видов сите ѕвезди. Се прашував дали сме сами, колку сме мали и дали има други планети со живот. Тогаш реков – Знам дека постоите, знам дека не сме сами и знам дека ќе ве сретнам еден ден“ – започна таа.

Актерката откри дека неколку месеци подоцна посетила пријателка во Калифорнија и ја замолила да спие во нејзиниот автомобил. Кога заспала, слушнала, како што вели, необичен звук со многу високи фреквенции.

„Потоа погледнав низ прозорецот и видов две-три глави, со триаголен облик. Имаа сребрена боја, имаа само шлиц наместо уста, мал нос и без уши. Покажаа накај колата како да зборуваат за мене, како да сум им тема на разговор. Тие брмчеа“ – рече Хон.

„Бев парализирана, сакав да станам, но не можев. Успеав, како да извадив сила од мене. Не можев да верувам дека имамв средба со вонземјани. Ми го допираа лицето и тоа беше како прст Божји. Тоа беше најдобронамерно чувство полно со љубов. Тоа беше моќно. Бев исполнета со светлина“ – рече таа.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.