По пет години, Марија Шерифовиќ објави нова песна: „Добра Вам Нова година и следната ако ја има! (ВИДЕО)

Песна со силна порака!

Иако новиот музички проект го најави за на есен 2023 година, неочекувано музичката ѕвезда Марија Шерифовиќ ја објави новата песна со необиче наслов „Добар Вам дан“.

Без оглед на тоа што имаше неколку успешни концерти позади себе, Марија и покрај бројните работни обврски, долго и темелно работи на новиот албум.

Пет години чека на нов албум, но иако најави дека долго работи на него, на изненадување на многу, регионалната музичка ѕвезда ја објави новата песна кој ја потпишува Дарко Димитров и Леонтина Вукомановиќ.

Музичката ѕвезда смета дека за овој прокет треба да зборува публиката и дека со песната таа се обраќа на сите тие кои живеат во свет кој потсетува на џунгла. Во хаосот на неправда, лаги, во свет кој не постои милост и разбирање за незаштитените и различните.

„Добар Вам дан во она што вам ви преостанало од животот, во густата мрежа, масовната хипноза и лаги каде и да погледнете. Дабар Вам дан во темнината, каде само љубовта го осветлува животот и го покажува патот. Дан Вам дан во новата прилика за да заслужите сами се она што се осовјува само со лична храброст и талент. Добар Вам Нова година и таа следната… Ако ја има! – изјавила музичката ѕвезда.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.