Перо Антиќ на Александар Вучиќ му подари патики: Се надевам дека следен пат ќе се сретнеме на кошаркарските терени! (ФОТО)

Слушнете што му кажа пак Вучиќ на нашиот Перо!

Поранешниот кошаркар, а сегашен претседател на КФМ, Перо Антиќ на неговиот профил на Инстаграм објави фотографии на кои е во друштво со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Перо објави и видео на кое се гледа како на српскиот претседател му подарува патики на кои е нацртано српското знаеме, а од реакцијата на Вучиќ може да се забележи дека му се допаднал подарокот…

„Секогаш е задоволство да се сретнеш со драги пријатели со кои разговараш за сличните интереси. Денеска имав прилика повторно да се сретнам со Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ @buducnostsrbijeav . Разговаравме за кошарка, за последниот медал кој го освои Србија, на Светското Првенство и за претстојните предизвици на спортски план на Србија и на Македонија. Средбата ја искористив и да му подарам дизајнирани патики со обележја на Србија, креирани од единствениот @swithadot. Се надевам дека во некоја наредна прилика ќе се сретнеме и на кошаркарските терени“ – стои во описот на објавата на Антиќ.

Погледнете:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.