Пејачот Никола Роквиќ посетува манастири во Ерусалим: По смртта на неговиот татко мирот го побара во Израел! (ФОТО)

Ваквата одлука воопшто не е чудна!

Фото: Инстаграм

Српскиот пејач Никола Роквиќ отпатувал за Ерусалим од каде секојдневно објавува фотографии на својот профил на Инстаграм.

Она што може да се забележи дека пејачот ужива во природните убавини и верските знаменитости во Израел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Rokvic (@nikolarokvic)

„Света земја! Манастирот Свети Сава Осветен и манастирот Свети Теодосиј! Недостигаат зборови да се опишат оваа радост и љубов – напишал пејачот под своите објави, а позитивните реакции само се нижеле.

Пејачот не крие колку е посветен кон православната вера. Тој често со семејството оди по манастири и свети места, па така неговото патување за Ерусалим не изнандило никој…

Да потсетиме. Кога неговиот татко Маринко Роквиќ почина по долгата и тешка болест, неговата сопруга, синовите и снааите повеќето од времето го поминуваа заедно, но по погребот, Никола заминал во манастирот Старо Хопово каде побарал мир и утеха за душата.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.