Пејачката Симона Попоска му прослави шест месеци од раѓањето на синчето, а имаше и торта! (ФОТО)

Таа сподели и фотографија со славеничката торта

Фото: Инстаграм

Поп-пејачката Симона Попоска пред некој ден на своето синче Никола му го прослави шестмесечниот роденден ако може така да се каже.

По тој повод, Симона подготвила роденденска торта, а фотографијата на која позира со нејзиниот наследник ја објави на социјалните мрежи.

Исто така, пејачката напиша и неколу зборови за овој мал јубилеј.

Фото: Инстаграм

– Твоите шест месеци ни донесоа многу радост нам и на сите околу тебе. Гледањето како растеш е најголемата радост што ја чекавме. Среќен шестмесечен роденден, душо – стои како коментар на фотографијата.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.