ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 28 октомври: Секој го добива она што го заслужува!

Астро-прогноза

Терезијата носи добри одлуки, Бикот е одлучен да истрае, Водолијата е осамена, Јарецот е уморен

ОВЕН

Имате впечаток дека во работното опкружување некој работи против вашиот интерес и тоа воопшто не ви се допаѓа. Не ви се допаѓа тоа што саканата личност покажува љубомора во комуникацијата со вас. Генерално, се чувствувате добро.

БИК

Денешниот ден ви е поволен за да прифатите некои проекти кои одамна ве чекаат. Имате малку поголеми очекувања и не сте сигурни како треба да се поставите пред симпатијата. Нервната напнатост е нагласена.

БЛИЗНАЦИ

Доколку сте планирале соработка со личност што веќе ви помогнала на работен план, ќе бидете задоволни. Ако сте слободни, ќе имате нови интересни љубовни понуди во текот на денот. Можна вртоглавица.

РАК

Ве очекува малку потежок ден во текот на кој нема да ви биде едноставно да ги решите сите работни проблеми. Партнерот отворено ќе ви ги покаже чувствата што ги има кон вас. Можете да очекувате среќа. Ви треба одмор.

ЛАВ

Треба да ги сфатите сериозно одговорностите што ги имате. Посветете ѝ се на вашата работа денес за да ги остварите вашите планови. Ќе успеете да остварите подобар однос со партнерот, со кого сте имале помали несогласувања. Здравјето ви е стабилно.

ДЕВИЦА

Можете да очекувате позитивен ден, што ќе ви донесе некои добри вести на работа. Дистанцата меѓу вас и саканата личност наредниов период би можела да земе замав. Можна е поголема криза. Проблеми со грбот.

ТЕРЕЗИЈА

Не ви е поволен денот за патувања или какви било ризици. Би можело да дојде до некои тешкотии на работа. Ви се допаѓа личност која на некој начин е неискрена кон вас. Проблеми со циркулацијата.

СКОРПИЈА

Вложувате голем напор во вашата работа и подготвени сте да им се посветите на вашите обврски за да ги реализирате целите. Несигурни сте во вашите емотивни избори. Можно е да се премислувате околу раскинувањето. Се чувствувате добро.

СТРЕЛЕЦ

Можно е да имате помали кочници на работа. Ситуацијата ви се одвива отежнато и забавено. Саканата личност ќе ви покаже дека е подготвена да ја пренесе вашата врска на повисоко ниво. Бубрезите ви се осетливи.

ЈАРЕЦ

Можно е да имате проблеми во комуникацијата со соработниците и дека нема да ви биде лесно да остварите компромис. На љубовен план ве очекува добар однос со саканата личност. Нагласен е падот на имунитетот.

ВОДОЛИЈА

Сакате да ризикувате и на ова поле сте подготвени на некои нови инвестиции за да успеете да остварите подобра финансиска ситуација. Ви претстои нова можност за познанство. Ова е поволен ден за промена. Внимавајте на зглобовите.

РИБИ

Доколку се занимавате со приватен бизнис, можете да очекувате подобрување на ситуацијата наредниов период. Во односот со брачниот партнер ве очекуваат несогласувања и конфликти што ќе ви донесат помали проблеми. Добро се чувствувате.

Какви се хороскопските знаци како родители?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.