„Од мене направи распуштеница и о*оспија“: Гоца Тржан без влакна на јазикот за пеколот кој и ги направи поранешниот сопруг! (ФОТО)

Помнала низ тежок период...

Познато е дека познатите личности се највеќе на удар кога се во прашање нивните приватни животи, а дека народот се сити на скандалите, најдобро го почуствувала и пејачката Гоца Тржан.

Имено, пејачката се присетила на тешкиот период низ кој поминала, а прозборела и за поранешниот сопруг Иван Маринковиќ.

„Во моментите кога многу се пишуваше за мојот развод и мојата врска со Радомир бев на некое случување Мис деколте и бев во жири. Покрај мене седеше Милан од Твитер. Тој ми се извини и ми рече дека пред неколку дена твитувал: „Боже биди прецизен, фрли цигла и погоди ја Гоца Тржан и оној нејзин сопруг“. Покрај него седи уредник на високотиражен весник и му вели дека Гоца е високотиражна личност, ние што и да објавиме за неа, тоа се купува и се чита. Во тој момент момчето од Твитер замолчи на што му реков јас. И што правиме сега? – рекла Гоца Тржан и нагласила дека многу вести врзани за јавните личности не ги пласираат самите тие, туку често излвекуваат од контекст.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goca Tržan (@gocatrzan)

„Значи јас поминав боса по трње кога беше мојот развод во прашање. Колку и да изгледам како јака структура, тоа ме погодуваше. Јас имав чувство дека кога ќе излезам на улица дека на чело ми пишува распуштеница, ороспија, скот, бидејќи таква слика нажалост создаваше мојот поранешен партнер за мене во медиумите и никој не сакаше да ја слушне мојата страна, бидејќи јас од почеток создадов слика во медиумите на една сирота, отворена, весела, луда жена која нема табу и слично – раскажала Гоца на „К1“ телевизија.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.