3 десерти што редовно се приготвуваа во Југославија: Сите бевме здрави кога го јадевме ова!

Рецепти

Три десерти по старински рецепт – без нив, постарите генерации не можеа да си ја замислат трпезата

Секоја домаќинка знаеше да ги приготви овие три десерти што ќе ве вратат во детството, а децата не можеа да им одолеат. Со причина и денес се популарни, а ние ви ги откриваме старинските рецепти за нивно приготвување.

КОХ

Состојки:

  • 5 јајца
  • 13 лажици шеќер
  • 10 лажици гриз
  • 1 л млеко
  • 2 кесички ванилин шеќер

Приготвување:

Одвојте ги белките од жолчките, па изматете ги белките во цврст снег. Во белките додајте 10 лажици шеќер, па матете уште малку. Потоа додајте жолчки и гриз, полека мешајќи со миксер на најмала брзина. Подмачкајте плех и посипете го со гриз, па сипете ја смесата и печете ја 20 минути на 200 степени. Кохот е готов кога ќе зарумени и кога рабовите ќе почнат да се одвојуваат од плехот.

Додека кохот се пече, сварете млеко со 3 лажици шеќер и ванилин шеќер. Ако сакате кохот да биде посочен, користете литар и пол млеко и додајте уште 3 лажици шеќер.

Прелејте го печениот кох со топлото млеко, но никако не сипувајте го целото одеднаш.

Послужете го кога ќе се олади и кога ќе го впие целото млеко.

ШНЕНОКЛИ

Состојки:

  • 4 јајца (одвојте ги жолчките и белките)
  • 100 г шеќер
  • околу 2 л млеко
  • 1,5 лажица брашно (или густин)
  • 1 лажиче екстракт од ванила
  • 2 кесички ванилин шеќер

Приготвување:

Изматете ги белките во цврста смеса со миксер. Во подлабоко тенџере сипете млеко и додајте екстракт од ванила, па оставете го да зоврие. Кога млекото ќе зоврие, намалете ја температурата, а потоа со лажица вадете ги изматените белки и внимателно спуштајте ги во врелото млеко.

Гответе ги шненоклите по 1,5 минута од секоја страна, па извадете ги од млекото и наредете ги во чинија.

Крем за шненокли: Изматете ги жолчките и шеќерот, па во таа смеса додајте густин или брашно и 2 лажици од млекото во кое се вареле шненоклите, па сето тоа добро промешајте го. Повторно ставете го млекото во кое се вареле шненоклите да врие, а намалете ја температурата.

Внимателно додајте ја смесата со жолчки со постојано мешање, па гответе го сето тоа заедно до згуснување.

Кога смесата ќе згусне, тргнете ја од рингла и оставете ја да се олади малку. Кога преливот ќе се олади, прелејте ги шненоклите со него. Чувајте го колачот во фрижидер.

СУТЛИЈАШ

Состојки:

  • 100 г ориз
  • 750 мл млеко
  • 4-5 лажици шеќер
  • прстофат сол

Приготвување:

Варете го оризот во вода околу три минути, а потоа исцедете го. Во млекото сипете сол и ставете го на оган да зоврие. Додајте ориз и варете го на тивок оган додека оризот го впие млекото, без да го мешате.

Во варениот ориз додајте шеќер и внимателно промешајте за да останат зрната цели.

Мокар колач со јаболка: Десерт број 1 на просторите на поранешна Југославија
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.