Нема да ви се верува: Марина Туцаковиќ од само еден стих на песна заработила преку 100.000 евра! (ВИДЕО)

Еве за која песна станува збор!

Познатата авторка на најголемите хитови Марина Туцаковиќ со своите зборови и стихови остави неизбришлива трага во музиката. Речиси и да не постои личност која не знае некоја песна која таа ја потпишала.

Марина создаде многу ѕвезди, а со некои од нив беше и голем пријател.

Со оглед на тоа што има напишано илијадници песни, многумина се прашуваат кој нејзин стих ѝ донел најголема заработка. Неда Украден пред извесно време ја сподели оваа информација.

Станува збор за песната „Зора је“, а како што откри Неда, Марина во оваа песна додала само еден стих благодарение на кој заработила повеќе од 100.000 евра.

Песната ми ја напиша покојниот Ѓорѓе Новковиќ и ние неколку пати се искаравме околу нејзиниот наслов. Прво ја нарековме, „Јоване, зора је“, па „Милане, зора је“. Последната и конечна верзија беше „Зора је“. На крајот ја повикав Марина Туцаковиќ, која напиша само еден стих, а тоа е „Суза из ока канула“. Нејзе тој стих ѝ донесе повеќе од 100.000 евра – рекла Неда во една пригода.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.