Лепа Брена се соочила со болест од која умираат многу жени: „Се шокирав кога ми кажаа, ме фати страв“ (ФОТО)

Не било лесно...

Лепа Брена важи за многу храбра жена, која се соочила со бројни животни предизвици, но никогаш своите проблеми не ги кажувала во

јавност, а се трудела да не ги оптеретува ниту своите најблиски.
Сепак, постојат некои работи кои не сакала да ги премолчи, а со цел преку својот пример да може да помогне на некого. Една од тие работи е болеста со која се соочила.

Имено, легендарната пејачка пред неколку години открила дека се соочила со болест која погодува многу жени. А, како што признала сама, болеста на Лепа Брена била поврзана со ракот на дојката.

„Во 2010 година имав сериозна операција на циста на јајниците. Мојот доктор Саша Љубиќ, ми кажа да го направам тој познат тест БРЦА, каде се покажа дека имам мутиран ген и големи се шансите и можност да добијам рак на дојката. Тумор маркерот ми беше доста зголемен и итно бев на операција на циста на јајникот“ – рекла Брена, па продолжила:

„Едно два дена не можев да го потворам својот број на телефон, бидејќи бев во шок. Имав таков страв дека нема да ги изведам децата на пат, дека може сешто да се случи. Ужасни слики ми поминуваа низ глава. Сепак, подобро е да ги прифатиш некои тешки факти на време и да знаеш како да се бориш, а не да бегаш од проблемите“ – рекла Брена.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.