Зорица Брунцлик со шокантно признание: „Таткото на Николија Змијанац сакаше да ме жени!“

Ја повреди и понижи Весна Змијанац

Зорица Брунцлиќ изнесе шокангни детали за нејзината колешка Весна Змијанац.

Речиси 18 години еден од  највпечатливите парови на естрадата беа Весна Змијанац и Мирољуб Аранѓеловиќ Ќемиш.

Сепак, бракот им траеше кратко, а како што вели Ќемиш, штом ја запознал Зорица, одлучил дека на бракот со Весна треба да му се стави крај. Немало неверство туку само нивна одлука.

Сепак Зорица Брунцлиќ за Весна Змијанац во неколку свои интервју изнела неколку шокантни детали:

– Моето семејство и јас пред 25 години многу плачевме поради Весна. Тогаш таа на мојот грб направи стартна позиција да влезе во светот на познатите. Ја запознав како пејачка која пееше по биртии и имаше само две песни. Потоа го запознала Ќемиш, па се омажила за него. Јас дури им бев и на свадба. Тој и ја даде преубавата песна „Неверо моја“, а набрзо и се разведоа, открива Зорица која со години ја следат гласини дека и го украла мажот на Весна.

Зорица Брунцлиќ за Весна денес зборува се најдобро и тие две имаат максимално  коректен однос, но, своевремено во едно интервју на колешката и зададе болен удар:

– Мене сите ме сакаа да ме женат, и деца да им раѓам, до Јовановиќ, изјавила Зорица, а оваа нејзина изјава била голем  удар за Весна Змијанац.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.