Застрашувачка снимка на Том Курз стара 17 години: „Точно се гледа дека е психопат, јас би се расплакала некој вака да разговара со мене’

Ги „шекна“ сите!

Видеото на кое шокираниот Том Круз одговара на прашањето на новинарот Питер Овертон во емисијата „60 минути“ стана вирално 17 години по првото емитување.

Видеото датира од 2005 година, а во него Круз луто му порача Овертон да „се присети на добрите манири“, откако го праша за Никол Кидман, неговата поранешна сопруга. Во моментов е прегледано повеќе од два милиони пати.

Новинарот го праша актерот „Дали Никол е љубовта на твојот живот?“, иако во тој момент поминаа четири години од разводот.

„Како мислиш, Питер? Како би ти одговорил на прашањето?“, одговори Круз.

Tom i Piter u emisiji "60 minutes"

Овертон продолжи да инсистира на темата, прашувајќи во каква врска се поранешните сопружници, а тоа е моментот кога Том ја губи присебноста.

„Во ова е работата. Сега ја преминуваш границата. Ја премина границата и тоа го знаеш“, рече тој и продолжи да зјапа во својот соговорник.

„Претпоставувам дека тоа се прашања за кои се заинтересирани луѓето “, се брани водителот.

„Питер, Питер… Ти сакаш да знаеш. Преземи ја одговорноста за тоа, за она што сакаш да го знаеш. Затоа сега убаво ти кажувам, сети се на добрите манири”, го заврши разговорот актерот.

Видеото предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, а многумина Круз го нарекоа едноставно „страшен“.

„Импресиониран сум од тоа како се справи со ситуацијата“, „Непријатно, но само за Питер. Том покажа како е да се повлече јасна линија во секоја несакана ситуација“, „Тој беше цврст и решителен, лекција од 20 секунди за тоа како да одговориш достоинствено”, „Брилијантно, без трошка агресија“, „Страшно е да се остане толку смирен и толку убедлив“, „Не можам да замислам некој да зборува со мене на овој начин, би се расплакала“, „Точно се гледа дека е психопат, овој пример кажува сè“, се само дел од коментарите.

Видео: Youtube

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.