Цеца првпат проговори за врската со ОВОЈ ПЕЈАЧ: Не крие како почнало сѐ и зошто завршило

Цеца и Харо Самарџиќ беа во врска, таа сега потврди сѐ.

Дино Мерлин неодамна проговори за тоа како настанала песната „Београд“ и зошто ја отпеала Цеца Ражнатовиќ. Во таа пригода, го спомена и Харо Самарџиќ, за кого се шпекулираше дека бил во врска со фолк-пејачката пред Аркан. Но Цеца тоа никогаш не го потврди, сѐ досега.

Дино Мерлин направи една песна специјално за мене, а тоа е „Заборави“. Кога се запознавме, благодарение на мојот поранешен партнер кого го познаваше, во еден хотел во Швајцарија, се сеќавам на секоја реченица што ми ја кажа тогаш. Ја донесе „Заборави“, која веднаш ми се допадна. Потоа ми рече: „Донесов една песна која е дуетска, но не можам да ја снимам поради познатата ситуација во тој момент. Но бидејќи ја имаш најспецифичната емоција во гласот, мислам дека ќе бидеш единствената која ќе знае да ја донесе“ – рече Цеца и продолжила:

Бев многу импресиониранa кога ми го кажа тоа, особено на девојка која има 20 години. Ја зедов песната „Београд“, иако беше дуетска. Им ја донесов таа песна во Белград, на Марина Туцаковиќ и Александар Радуловиќ Фута, но не им се допадна. „Заборави“ да, но „Београд“ не. Сепак, одлучив да ја вклучам песната „Београд“ на албумот „Љубав фатална“. Во сè ми помогна Оливер Мандиќ. Ги напишавме музиката и текстот, склопивме сè и стана хит на сите времиња. Тоа е вистинска приказна, можеби Мерлин заборавил, но јас не – откри Цеца и призна дека таа и Дино Мерлин требало повторно да соработуваат, но тоа не се случило.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.