Тагата на една мајка: Наташа Беквалац прави сè за да ѝ помогне на ќерка си, терапијата е неизбежна

Фото: Инстаграм

Постарата ќерка на Наташа Беквалац ги спои своите разведени родители.

Наташа Беквалац за време на појавувањето во утринската програма откри дека редовно посетува психолог со постарата ќерка Хана, а како што истакнува, во сè ја има поддршката од поранешниот сопруг Данило Икодиновиќ.

Редовно одам на психолог, и моето дете оди. И сега се договоривме да одиме на групна терапија. Го убедуваме Данило, мислам дека е на прагот да се согласи – низ насмевка изјави Наташа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

Јас и Дача сме во најдобри односи досега. Кога ќе го отстраниме она што не е функционално, а тоа е нашиот машко-женски однос, сè друго е во ред и веќе немаме никакви проблеми.

Тој навистина ни е потребен во оваа фаза и има прекрасна сопруга, која е полна со разбирање за сето тоа.

Беквалац откри и дали навистина заработува огромни суми пари од издавање на својот салаш во Ченеј.

Не станува збор за голема заработка, повеќе е симболична, би рекла.

Пејачката призна и дека го изгубила гласот за време на еден настап.

Последниве денови сум на кортикостероиди. Ми се случуваше на концертите ништо да не излезе од мене, да снемам глас и да не можам ни да шепотам. Имав многу стресен период, малку инфузија, малку разговор и сè си дојде на свое место.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.