Се огласи бившиот сопруг на Славица Ќуктераш по повод нејзините обвинувања за семејно насилство

Нема кривична постапка

Поранешниот сопруг на пејачката Славица Ќуктераш, Влада Аврамов, наводно бил сослушан во полиција, откако таа го пријавила за закани.

Поранешниот голман се огласи преку адвокатот и ја откри својата страна на приказната.

Да потсетиме, медиумите објавија дека Аврамов бил сослушан во полицијата во Нови Сад, при што му е одредена мерка забрана за доближување во ток од 48 часа, а тој истакнува дека по него не е распишана потерница.

Аврамов во саботата на 24.06.2023 година доброволно влезе во просториите на полициската станица во Нови Сад со својот адвокат и даде изјава во врска со поднесената пријава, и воедно ја пријави поранешната сопруга за закани и уцени. Против Влада Аврамов во овој момент не е поведена кривична постапка. Исто така, наводната жртва Славица Аврамов во полиција не доставила никакви пораки кои се заканувачки и навредливи, ниту пораки во кои Аврамов ѝ се заканува дека ќе ѝ го одземе детето – се наведува, меѓу другото, во изјавата на адвокатот на Влада Аврамов, и продолжува:

На 24.06.2023 година, Јавното обвинителство на Нови Сад донесе вонредни мерки со кои на Славица Аврамов ѝ се забранува да стапи во контакт со жртвата на насилство Влада Аврамов во траење од 48 часа, кои мерки се продолжени од страна на Основниот суд во Нови Сад на 26.06.2023 година во траење од 30 дена.

Аврамов бил во Унгарија каде што работи како фудбалски тренер во времето кога пејачката го пријавила.

Славица Ќуктераш потоа накратко изјави за локалните медиуми:

Немам коментар. Нема да коментирам за тоа, не, не… се надевам дека ме разбирате.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.