Осуден поранешниот дечко на Теа Таировиќ: Ѝ се заканувал дека ќе ја претепа и дека ќе ја потстриже ќелава! (ФОТО)

Затвор!

Поранешното момче на Теа Таировиќ С.Ѓ. е осуден на казна затвор од три месеци поради закани кон пејачката.

Имено, тој е обвинет дека по нивното раскинување во март 2018 година, во повеќе наврати телефонски од повеќе броеви и испраќал сериозни закани по нејзиниот живот и ја вознемирувал.

„По пат на телефонска комуникација предходниот ден на 01.03.2018 година тој и испратил фотографија од женско лице со повреди на лицето за да ја заплаши и на тој начин да и даде до знаење што може да и се случи и неа неа“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic)

„На 21.04.2018 година во близина на дискотеката „Gaudeamus“, пред мотелот во кој била пејачката, откако тој предходно и рекол да се симне за да и ги предаде нејзините лични работи и за да разговараат, таа го одбила, а тој повторно и се заканил дека ќе направи проблем во клубот во кој пее и дека ќе ја претепа и ќе ја потстриже ќелава. Со тоа тој сторил кривично дело, односно загрозување на сигрноста“ – пишува во пресудата.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.