Регистрирани се 175 нови случаи на Ковид-19, вкупно 209 во Чаир

Оздравени се 18 пациенти

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 971 тестирања, а регистрирани се 175 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-131, Куманово-24, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-5, Струга-2, Велес-4, Охрид-1, Гостивар-2, Свети Николе-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 18 оздравени пациенти, во: Скопје-12, Штип-1, Тетово-3, Велес-2.

Починаа 5 лица, тројца од Скопје, еден пациент од Гостивар и еден од Прилеп.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3538, бројката на оздравени пациенти е 1682, на починати е 169, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1687.

По општини активни случаи во Скопје заклучно со вчера:

•       Чаир-209
•       Бутел-76
•       Аеродром-75
•       Гази Баба-75
•       Центар-73
•       Карпош-72
•       Сарај-64
•       Кисела Вода-43
•       Ѓорче Петров-35
•       Шуто Оризари-26
•       Студеничани-24
•       Арачиново-24
•       Илинден-19
•       Петровец-6
•       Чучер Сандево-4
•       Сопиште-2
•       Странец-2

На Инфективната клиника на кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 Септември“ на респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.